Достапни линкови

Единствена земја надвор од ЕУ со ваков систем, визната бариера останува


Од денеска граѓаните на Република Македонија добија нови патни исправи кои се во согласност со барањата за безбедност на ЕУ. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, официјално го пушти во употреба системот, за кој најави дека е единствен во земја што не е член на ЕУ:

„Издавањето на овие патни документи ќе биде во рамките на законски утврдениот рок, во рамки на 15 дена.“

Но, и покрај овој чекор и статусот на земја кандидат, во преговорите кои течат со Европската комисија за олеснување на визниот режим, Македонија остана единствена балканска земја што до сега не потпиша договор. Јанкуловска со став дека не доцниме зад другите:

„Македонија воопшто не доцни со договорот, туку преговорите течат согласно утврдената динамика со Европската комисија. Претстои уште една рунда на преговори, после која очекуваме договорот да биде парафиран, и потпишан истовремено со сите други и потоа согласно динамиката што ја утврдивме, во декември ќе биде стапувањето во сила на договорот за реадмисија и исто така договорот за визно олеснување.“
XS
SM
MD
LG