Достапни линкови

Потребно е забрзување на реформите


Да се забрзаат реформите за прием во НАТО, порача помошник заменикот секретар за одбрана, Американецот Даниел Фата, од брзината на реформите зависи членството во Европската Унија и НАТО, предупреди генералниот директор за проширување на ЕУ Мајкл Ли. Посебно да се стави акцент на имплементацијата на рамковниот договор, реформите во судството и борбата против корупцијата. Ова беа забелешките што ги упати Ли. Општиот впечаток е дека има позитивни во исполнување на обврските, објаснува Драган Тилев од секторот за евро интеграции:

„После изборите, имаше успорување и пред изборите исто така, но би рекол дека тоа е резултат на нормалниот трансфер на власта. Но, факт е дека по посетата на Ли, се фаќа темпото.“

Опозицијата обвинува дека владата е недоволно заинтересирана во процесот на евро интеграции:

„Цитирам од извештајот на ЕК, дека новата влада недоволно го разбира процесот на евро интегрирање. Оттаму, не би ме изненадило ништо, да добиваме се повеќе одговори дека притисоците се огромни, а се со цел да се оправда ставот во Брисел во ЕУ и НАТО дека Македонија е длабоко закочена во реформите,“

Објаснува Андреј Жерновски.
XS
SM
MD
LG