Достапни линкови

280 милиони долари кредити за Македонија за следните три години


Бордот на директори на Светската банка одобри нова Стратегија за партнерство што претставува заем во висина до 280 милони долари за периодот 2007 до 2010 година. Приоритет, велат од Светската банка е да и се помогне на земјата да ги достигне целите, приклучување во Европската унија, како и во остврување на владината програма за забрзување на економскиот развој и креирање на работни места. И покрај одредениот степен на развој во политичкиот и економскиот дел, остануваат предизвици. Разочарува, економскиот развој и состојбата со вработувањата, оценуваат од светската банака.

Ваков документ во кој се опишани планираните активности на институциите, земјава имаше и за периодот 2003 – 2006, а беше во висина до 165 милиони долари. Со тие средства се направија дел од реформите во образованието, судството, пензискиот систем, здравството и за бизнис климаат. Во некои од овие области спроведените проекти дадоа позитивни резултати, сметаат од Светската банка.
Средства се од голема помош за владата и се користат рационлано, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски кој додава

„Бордот на извршни директори ги поздрави досегашните резултати на новата влада во насока на зајакнување на економскиот развој и соодветна подготовка на земјата за членство во ЕУ“

Аналитичарите укажуваат дека за тоа како се користат средствата, секој проект е посебна приказна, некаде се искористуваат повеке, а има и злоупотреби.

„Впечатокот во јавноста и кај кредиторите излегува дека Македонија не ги користеше оптимално средствата за кои плаќа и камати и го тератат буџетот на земјата,“

изјави Михаил Петковски професор на Економскиот факултет во Скопје.

Меѓународните финансиери го одобрија и вториот аранжаман во висина од 30 милиони долари што има за цел подобрување на инвестициската клима и зајакнување на јавниот сектор. Од Светската банка велат дека ова еден од планираната серија на три заеми предвидени да и се доделат на Македонија во наредниот период од три до четири години.
XS
SM
MD
LG