Достапни линкови

Јован Манасиевски, претседател на ЛДП. Претходната влада го одработи влезот во НАТО, оваа треба да внимава да не направи кардинална грешка


Господине Манасиевски, кога неодамна ја добивте деврбата на делегатите на ЛДП и станавте нов претседател на оваа партија најавивте дека ќе делувате самостојно и независно. Значи ли тоа дека односите во коалицијата се нарушени?

Не се работи за некаква промена на квалитетот на односите, туку за завршување на една страница од развојот на нашата партија. Коалицијата „За Македонија Заедно“ траеше шест години. Оствари убави резултати, имаше и по некој пораз, меѓутоа тоа е сосема нормално во политиката и заклучок вкупен на нашите членови и делегати беше дека за да се вратиме кон изворните принципи на работење, мораме да продолжиме самостојно и независно да работиме. Коалициските рамки како такви секогаш се претесни, во своето дејствување како опозиција или влада да се реализираат платфорсмките определби. Партијата во иднина ќе работи комплетно независно. Моето лично мислење е дека е многу поздраво за партиите во Македонија, особено за оние што се во опозиција да повеќе работат на сопственото профилирање, значи на развојот на алтернативни политики, дека тоа е поздраво и за самите партии од една страна, и од друга страна им овозможува на партиите да се соочат со себе си, со сопствените слабости, а најдобар начин е да се работи на сопственото профилирање.

Во овој контекст, ризикувате ли да се вброите во групата на мали партии во земјата кои реално и немаат голема политичка моќ доколку не коалицираат со некоја од поголемите?

Најбитно за една политичка партија, ако сака да работи на долги стази, а ние сакаме да трчаме на долги стази е да го сочува својот идентитет. И можеби наместо рецепт за брзо влегување во власта, примени една друга формула на постепено зајакнување на своите позиции низ повеќе изборни циклуси, се додека не биде во состојба да биде позначаен фактор на политичката сцена, не дали ќе учествува во власта и со колку ресори ќе учсествува во власта, туку во смисла да обезбеди доминација на делод од политиките во својата платформа.

Во јавноста постои мислење дека вистинските симпатизери на ЛДП се претопија во СДСМ?

Не, не е тоа точно. Дел од гласачкото тело на ЛДП поради фактот што ние повеќе од шест години бевме во коалиција со СДСМ се почувствува изневерено, затоа што нашата мисија е да бидеме алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Што значи дека кога вие преземате коалиционен чекор во лево или десно дел од подджувачите се разочарани од таквата одлука и ако тој период трае подолго време тогаш бројот на такви приврзаници се зголемува. Затоа и ние се определивме да свртиме нова страница за што веруваме дека на долг рок ќе ги зајакне нашите позиции и нашето гласачко тело ќе го зацврсти.

ЛДП не може да се пофали со некој висок рејтинг, напротив. Сметате ли дека одговорност за ваквиот рејтинг има вашиот претходник Ристо Пенов?

Видете, ние сме либерал демократи, секогаш одговорноста мора да се индивидуализира и персонализира. Со самиот факт што господинот Пенов одлучи да не се кандидира за трет мандат, говори и за неговата перцепција за сопствената улога во развојот на ЛДП, така што мислам дека господинот Пенов имаше и една доблесна самокритична оценка на конгресот за својата работа. Хендикеп еден многу битен во тој процес беше тоа што господинот Пенов од осумте години на чело на ЛДП, повеќе од шест години беше и градоначалник на Скопје. И тоа многу успешен, еден од најуспешните градоначалници на Скопје. И идентификацијата на граѓаните пред се беше како градоначалник, а помалку како политички лидер. Веројатно таквата перцепција имаше влијание и врз перцепцијата на ЛДП како политички субјект.

Политички дијалог, дали тоа е само обид да се прикријат реалните проблеми во државата?

Мора да гледаме трезвено на работите. Се наоѓаме во непријатна ситуација. Има едно назадување. Јас не говорам само во тесно сфатени рамки на политичкиот дијалог, туку говорам од аспект на соработка и сооднос меѓу институциите. Значи, на две нивоа во Македонија сега има институционална криза. Соработката меѓу двете гранки на извршната власт, на владата и на претседателот е исклучително лоша, да не кажам непостоечка и таквата несоработка на овие две институции кои делат клучни овластувања во извршната власт е недозволива и таа нужно се одразува и води кон нестабилност на целиот политички систем. Тука, најголемата одговорност е на владата. Мене не ми е јасна политиката на владата, наместо владата да биде таа што ќе ги пацифизира состојбите, со серија свои потези владата води политика на конфликтност и влошување на односите, тоа е особено несериозно во пресрет на чекорите што треба да се преземат кон ЕУ и НАТО интеграциите. На второ ниво, таа институционална слабост се огледа во лошата соработка меѓу владата и опозицијата. Владата и премиерот со својата политика на исклучивост, очигледно не може да сфата дека и опозицијата е инстируција во демократските политички системи и дека односот кон опозицијата мора да се менува. Мора да биде консултирана, особено за проекти кои што бараат дво тртинско мнозинство мора да има консултација. Одењето на политика на сила и исклучивост, навистина е неразбирливо и најголема штета од спроведувањето на таквата политика ќе има и самата влада. Јас сакам да верувам дека тоа се должи на неискуство политичко, што е и очигледно од составот на владата. За жал ние досега плативме и прилично висока цена од тоа лошо управување на политичките процеси. Во изминатите седум месеци. Но, сметам дека веќе се направија доволно грешки, се добија доволно критики од разни страни, да владата сериозно го промени своето однесување. Последните недели веќе се преземаат чекори во таа насока, јас ги поздравувам тие чекори и се надевам дека владата ќе продолжи во таа насока, затоа што доколку не продолжи, тогаш сопствениот приоритет, економските реформи, ќе го загрози со елементарниот дефицит во политичкото управување.

Вие неодамна го напуштивте местото Министер за одбрана. Претпоставувам дека луѓето во опозиција се поискрени отколку кога се на власт. Затоа ве прашувам како од денешна перспектива гледате на македонската иднина во НАТО?

Па, видете, во времето на претходната влада, беа завршени сите крупни работи. Кога јас заминав од Министерството трансофмрацијата на АРМ беше завршена преку 90 насто, трансформација на министерството беше комплетна, учеството во мисиите беше на потребно ниво. Крупните работи се завршени. Она што е потребно е политичка одлука на земјите членки на НАТО и исполнување на делот од критериумите на политичкиот корпус, значи реформи во судсотвото и борбата против криминалот и новиот критериум, што не постоеше, затоа што немаше таков проблем, постоење на политички дијалот. Значи, во делот на НАТО, без да бидам сфатен нескромно или препотентно, претходната влада ја одработи целата работа. На оваа влада е само да внимава да не направи некоја кардинална грешка и со тоа да го загрози нашето влегување во Алијансата.
XS
SM
MD
LG