Достапни линкови

Македонија може многу да научи од развојот на ЕУ


Кон крајот на 2005 Македонија доби статус кандидат за членство во ЕУ, но сеуште нема датум за почеток на преговорите. Од владата истакнуваат дека е прашање на време кога ќе станеме дел од унијата. Нашата цел, велат, не е само да бидеме внатре во Унијата:

„Да станеме рамноправна членка, не е предизвик само да се биде внатре, туку внатре како рамноправен член на земјите, различни по големнина и историја кои ја сочинуваат ЕУ,“

изјави Драган Тилев, советник во владиниот секретарјат за европски прашања.

Останува уште многу да се направи на патот кон Унијата, оценува Благој Зашов, поранешен македонски амбасадор во Романија:

„Пред се, се работи за реформи во одредени области, пред се, судството, економијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и водењето на дијалог во Собранието и државата, за прашања од суштествен интерес за населението и партиите.“

Владата очекува годинава земјата да добие позитивно мислење, а веќе во 2008 и започнување на преговорите. Претседателот на европското движење во Македонија Димитар Мирчев смета дека земјава може многу да научи од развојот на Унијата.

„Ние можеме повеќе искуства и поуки да извлечеме, од 57 година наваму. Особено во прифаќањето на европската идеја, добивка и вредности, понатаму во развојот на нашите стопански институции,“

вели Мирчев.
XS
SM
MD
LG