Достапни линкови

Гласање за резолуцијата за посилни санкции кон Иран


Во Советот за безбедност денеска се очекува гласање за резолуцијата со која ќе се воведат посилни санкции кон Иран поради одбивањето да ја напушти контроверзната нуклеарна програма. Авторите на нацртот, постојаните членки на Советот изразија уверување дека резолуцијата против Иран ќе биде донесена едногласно. Британскиот амбасадор Џонс Пери.

„Текстот кој го поднесовме е таков што веруваме дека е пригоден, пропорционален одговор на ситуацијата и е одраз на погледите на Советот.“

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој сакаше да му се обрати на Советот пред гласањето го откажа патот за Њујорк поради, како што соопшти доцнењето околу издавањето на визата. Соединетите Држави ги отфрила обвинувањата дека не успеале навремено да издадат визи за иранската делагација. Иран одбива да го запре процесот за збогатување на ураниумот што може да се користи за изработка на нуклеарна бомба а Техеран и натаму тврди дека нуклеарната програма е во согласност со меѓународните норми.
XS
SM
MD
LG