Достапни линкови

Русија неможе да ја спречи независноста на Косово дури и да стави вето во Советот за безбедност


Русија и доколку стави вето во Советот за безбедност, не ќе може да ја спречи независноста на Косово. Ова за Радио Слободна Европа го изјави Брус Џексон, претседател на Прокетот за демократии во транзиција и на Проектот за ново американско столетие со седиште во Вашингтон. Според него, позициите на албанците на Косово, во Албанија и во Македонија се толку различни што воопшто не е замисливо тие еден ден да формираат заедничка држава.

Претседателот на Проектот за демократии во транзиција и на Проектот за ново американско столетие Брус Џексон во врска со наводите дека независноста на Косово би предизвикала реагионална стабилност со оглед на позицијата на србите во Босна и со преседанот дека албанците би добиле две држави вели:

„Тоа апсолутно го отфрлувам. Бев неодамна во Македонија каде што, меѓу другото, разговарав со Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Ги следам движењата и во Тирана. Станува збор за целосно различни политички ентитети. Да бидам попрецизен, ставовите на албанците на Косово и во Албанија се многу различни така што тие не можат да формираат заедничка држава во каков било контекст. Исто така албанското малцинство на Македонија има целосно поинаква ориентација од косовските албанци. “

Вели Џексон додавајќи дека таканаречената управувана незвисност со значајна улога на Европа може да потрае повеќе од деценија и оти косовските претставници нема да посегнуваат по радикални решенија. Тој исто така смета дека однесувањето на официјална Москва може само да ги охрабри екстремистите во Белград кои со отфрлувањето да ја увидат реалноста дополнително би ја турнале Србија во меѓународна изолација.

„Мислам дека е добро познато оти Русија во последниве неколку години драматично ја заостри својата позиција на меѓународната сцена. Тоа го потврдува и неодамнешниот говор на претседателот Путин на конференцијата во Минхен. Кремљ со своето однесување очигледно им прави проблеми на Европската Унија и Соединетите Држави кои веќе една деценија се обидуваат да ја стабилизираат состојбата на Балканот. Москва настојува да поттикне нестабилност.“

Вели Џексон, додавајќи дека во поголемиот дел на меѓународната заедница, кога станува збор за Косово, веќе неколку години постои согласност за неговиот финален статус и оти Русија сега се обидува да го поткопа таквиот консензус, а со тоа да го сврти вниманието на себе како голема сила. Во врска со тоа дали Русија ќе настојува на компромис во Советот за безбедност во врска со Косово Џексон вели:

„Тоа е многу интересно прашање, бидејќи тука не станува збор за Русија, туку за финалниот статус на Косово и воспоставување долготраен мир на Балканот. Русија сама се уфрли во овој процес за да го сврти вниманието врз своите империлајистички намери на просторот на поранешниот Советски Сојуз. Без оглед дали ќе биде усвоена резолуција во Советот за безбедност или не Косово се движи кон независност. Москва единствено може да поттикне насилство и бес, било кај албанската или кај српската заедница.“

Вели претседателот на Проектот за демократии во транзиција и на Проектот за ново американско столетие Брус Џексон за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG