Достапни линкови

Провокациите се нервоза во Грција поради нашето доближување до НАТО, велат аналитичарите


Со цел взаемно информирање за актуелните случувања и координација мегу претставниците на државниот врв денеска на иницијатива на претседателот Бранко Црвенковски беше одржана средба. Како што информираат од канцеларијата за односи со јавност на шефот на државата на средбата била реафирмирана единствената позиција и стратегија на Република Македонија за надминување на разликата околу името како еден од највисоките приоритети на државата и зачувување на уставното име на државата. Од македонскиот државен врв истакнуваат, остануваме на нашиот став изнаогање на решение за име за билатерална употреба со Грција и употреба на уставното име во мегународните односи. Аналитичарите порачуваат дека доколку се сака напредок во разговорите ќе треба да престанат провокациите како од страна на Македонија притоа го посочуваат именувањето на скопскиот аеродром како Александар Велики, така и од страна на Грција, како скандалот со грчките војници или видеоматеријалите во кои грчки војници во 2005 извикуваат навредливи пораки за Македонија:

„Со најновите постапки двете страни покажуваат дека не постои некоја конструктивна желба за да се направи историски позитивен исчекор во разрешување на ова прашање во меѓусебните односи.“

Изјави Александар Димитров поранешен министер за надворешни работи. За случајот со грчките војници македонската влада врачи и официјален протест до Грција.Неодамна пак од Воениот музеј во земјава беа повлечени и картите на Античка Македонија со образложение дека тоа е побарано од Алијансата. Но, од НАТО истакнаа дека од земјите членки не било упатено такво барање. Аналитичарите со свој коментар за насоката во која се движат работите по ова прашање:

„Фактот дека ние се доближуваме до членство во НАТО се создава нервоза кај грците дека можеби сега е време, или е последна шанса да се обидат да извлечат нешто од она што за многуте земји стана безпредметен спор, а тоа е спорот со името. Мислам дека тоа е нивната цел, сега во моментот да видат дали е можно затоа што тие се наоѓаат во една незгодна ситуација кога ќе дојде до одлуката за НАТО, може да се случи во грчкиот Парламент да не помине нашата апликација и потоа тие можно е да „навлечат“ гнев од светот.“

Изјави Денко Малевски професор по меѓународни политички односи на Правниот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG