Достапни линкови

Влезот на Сосиете Женерал ќе има позитивно влијание


По неколку неупсешни преговори со странски банки за влeз на македонскиот пазар засега извесна станува можноста за преземањето на Охридска Банка од страна на Сосиете Женерал. Во мегувреме Македонија останува единстевена земја во регионов без познат странски банкарски бренд. Бизнисмените велат дека тоа влијае директно врз нивната работа. Немањето на сериозна конкуренција како што вели сопственикот на една фирма Адем Кочан придонесува за високи каматни стапки и тешки процедури за подигање кредит

„Сеуште ние сме во позиција да трчаме, да молиме, да се докажуваме на сите шалтери дека имаме добро проекти. Ние сме тие што трчаме по нив. Банките ќе донесат капитал, кои е релативно ефтин по светски стандарди.“

Со скепса кон олеснување на работата гледа Горан Дамчевски сопственик на фирма за угостителство и туризам. Тој како што вели својот став го темели врз работата на неколку наши банки во кои веке влезе странски капитал

„Кога ќе дојдат странските банки како да го прифаќаат теркот на домашните банки, и тие си го прифаќаат истиот терк. Значи, нема банка што го сменила начинот на давање кредити.“

Според професорот од Факултетот за општествени науки Алекса Стаменковски влезот на познат банкарски бренд во државава би донесл многу позитивни промени

„Прво, на тековите на стопанството, ќе се донесе можност за влегување капитал, потоа можност за поголема активност на банкарскиот пазар, конкуренција, намалување на каматните стапки, зголемување на понудата на банкарските услуги,“

вели Стаменковски и додава дека доагањето на светско име од обласата на банкарството би повлекло и други брендови да отворат свои филијали во земјава

„И процесот на глобализација води кон тоа.“

Министерот за финансии Трајко Славески пак уште на почетокот на својот мандат во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека конкуренцијата кај нас мегу банките е слаба а проблемот за тоа го лоцираше во потребата од натамошна либерализација на влезот на странски банки.
XS
SM
MD
LG