Достапни линкови

Исопаченост или психолошки профил


Честопати се случува да бидеме трогнати од смртта на едно лице, но ретко од извештаите за смртта на илијадници. Зошто? Според некои истражувачи, причината не е некаква изопаченост, туку нашиот психолошки профил.

Во текот на изминатиот век, ширум светот се случија многу геноциди, кои предизвикуваа апатија и неред.
Пол Словик, професор по психологија на американскиот универзитет во Орегон, мисли дека знае зошто.
Во неговата презентација на годишниот состанок на американската асоцијација за напредок во науката, се вели дека луѓето веруваат оти можат да се потпрат на нивната морална интуиција. Тој вели дека луѓето се потпираат на нивната интуиција за да им каже што е добро или лошо, но сепак додава дека одредени работи кои не се во ред, не ја засегаат неопходно нашата интуиција.

„Tоа е посебен механизам за преживување што води потекло назад во еволуцијата. За нас е ефикасно да бидеме чувствителни за работите кој не засегаат нас како индивидуалци или кои засегаат мали групи на луѓе во нашата близина. Ние немаме капацитет да се справиме со заканите со кои се соочуваат голем број луѓе кои се далеку од нас.“

Словик верува дека сме опфатени од еден вид на психичка нечувствителност кога околу нас се случуваат големи трагедии. Луѓето полесно покажуваат сочувство кон едно лице, отколку кон група луѓе. Една израелска студија спроведена во 2005 година покажала дека луѓето би донирале повеќе пари на едно дете кое е заболено од рак, отколку на група од осум заболени деца.
И други слични анализи покажале дека луѓето се подарежливи кон едно, а не кон повеќе лица, вели Словик.

„Кога почнуваат да исчезнуваат нашите чувства или сожалувањето? Па, тоа вообичаено се случува многу порано, пред тој број да стане два.“

Како тогаш да го одбегнеме повторувањето на масакрите во Дарфур или Руанда? Словик сугерира дека првиот чекор е да ги препознаеме нашите вродени психолошки разлики, а потоа да ги зајакнеме правните и институционалните механизми за заштита од геноцидот. Актуелната конвенцијата за заштита и казнување на злосторствата како што се геноцидите досега се покажа како не ефикасна.
XS
SM
MD
LG