Достапни линкови

Мал е бројот на македонски граѓани кои ќе отидат на протестите, вели аналитичарот Мерсел Биљали


Во пресрет на утрешните протести во Приштина организирани од движењето „Самоопределување“ од македонското Министерство за внатрешни работи велат дека будно ја следат состојбата. Портпаролот Иво Котевски објаснува дека нивната соработка со УНМИК е на високо ниво:

„Така што доколку биде побарана некоја дополнителна асистенција од нивна страна, ние сме подготвени да им помогнеме. Инаку во однос на утрешните протести најавени во Приштина можеме да кажеме од наша страна дека будно ќе се следат сите случувања и на Косово и на нашата граница и дека МВР како што реков е подготвено да реагира доколку тоа е неопходно.“

Инаку на минатите протести организрани од истото движење присуствуваа и македонски граѓани, а во насилтвата на собирот имаше и двајца загинати. Еден од демонстраните пратеникот на ДУИ Фазли Велиу за Радио Слободна Европа тогаш потврди дека движењето има широка подршка кај студентите, интелектуалците и младите Албанци во Македонија. Денеска не беше достапен за изјава дали ке приствуваат и на утрешните протести. Уште пред првите демонстрации пак, Здруженито на воени ветерани од ОНА се определи за подршка на „Самопределување“, а потпретседателот на движењето Глауф Коњувца најави формирање на огранок во државава. Во меѓувреме преставниците на мегународната заедница и косовските власти апелираа до македонските грагани да не одат на демонстрациите. Со таков апел и аналитичарот Мерсел Биљаљи. Според него тоа е спротивно од заложбите за независно Косово и на тамошните Албанци им се нанесува штета. Но, сепак тој очекува албанците од државава повторно да заминат за Приштина:

„Јас мислам дека може да отиде симболичен број.“

Вели Биљаљи и додава дека македонските власти не можат да ги спречат оние кои сакаат да му дадат подршка на движењето „Самоопределување“:

„Мислам дека граѓаните на Македонија ако сакаат да се приклонат кон тие сили кои се против осамостојување на Косово тогаш може да учествуваат, меѓутоа мора да им се даде предзнак дека тие се против таквите процеси на Косово инаку други активности за да се спречат, мислам дека е неодржливо, затоа што тој дел е сосема маргинален дел.“

објаснува Биљали.
XS
SM
MD
LG