Достапни линкови

Децата во Холандија најсреќни, САД и Британија на дното на листата


Според иузвештајот на УНИЦЕФ за богатите западни земји, децата најсреќно живеат во Холандија, додека Соединетите Држави и Велика Британија се на крајот на листата. Што е тоа што го прават Холанѓаните за среќаат на нивните деца?

Во Холандија дрогата и проституцијата се легални и децата кои живеат во оваа земја се најприлагодливи на светот. Зошто? Рутгер Ходенховин 34 годишен холанганец мисли дека го знае одговорот. Тој до 10 годишна возраст живеел во Соединетите Држави а потоа се вратил во Холандија и вели веднаш ја почуствувал разликата.

„Во Соединетите Држави навистиан ви треба идентитет уште од мали нозе, речиси како да сте возрасен во извесна смисла на зборот. Мислам дека кога се вратив во Холандија станав повеќе дете. На некој начин во Холандија нема брзање за да се порасне голем.“

Со други зборови во Холандија на децата им е дозволено да бидат деца. Во извештајот на УНИЦЕФ по прв пат направен за богатите земји, се земени повеќе фактори. На пример односите во семесјството, со пријателите, здравството, безбедноста. Меѓу другите на децата им се поставуваа прашања и за тоа колку често имаат заедничко главно јадење со родителите или дали мислат дека пријателите им се добри и им помагаат. Холандија е уставна монархија. Просечниот приходот е околу 30 илјади долари годишно. Успехот е голем затоа што децата се во центарот на внимението.

„Во Холандија на пример секаде има патеки за велосипеди. Едноставно познато е дека децата сакаат да се возат со велоспиед до училиште и тоа на сите во Холандија им е овозможено.“

Естер Миедема 33 годишна холанѓанка од Амстердам вели дека меѓу родителите постои консензус за тоа што е важно за среќата на децата.

„Ако ги погледнете младите родители во Холандија ке видите дека им се важни таканаречени три Р, С . Тоа се одмор, редовност и чистота. И тоа е слоган во Холандија и јас не знам колку долго.“

Од друга страна на родителите во Холандија им е овозможено флексибилно работно време или половично работно време за да бидат повеќе со децата. Во врска пак како е можно општество со легална проституција и дрога и безбедни деца, одговорот, велат, лежи во контролата. Овие за најголемиот дел од светот нелегални работи во Холандија токму со легалноста и контролата се сведени на малиот ќош на општеството. Искуството покажува дека холандските деца не посегнуваат кон дрогата и сексот како мали токму затоа што се дозволени и кај нив не се раѓа она класично бунтовништво против родителите во процесот на растење.
XS
SM
MD
LG