Достапни линкови

Освен отсуството на комуникација власт - опозицијата, започна недоразбирање и меѓу владините партии


Во Демократската Унија за интеграција постои расположените за прифаќање на поканата на премиерот Никола Груевски за продолжување на политичкиот дијалог, за што официјално денеска ќе се изјаснуваат членовите на состанокот на Централното претседателство на партијата. Додека евероамабасадорот во земјава Ерван Фуере порачува дека очекува демонстрација на зрелост од политичките субјекти кои треба сами да разговараат, во ДУИ сепак инсистираат продолжението на дијалогот да биде под покровителство и на меѓународни претставници:

„Па, ние мислиме дека присуството на меѓународните претставници е клучно поради повеќе аспекти, прво и основно заради тоа што г-динот Груевски неколку пати отворено изјави дека нема доверба во ДУИ.“

Истакнува Ермира Мехмети од оваа партија. На ваквиот став на опозоционата ДУИ во владеачката ДПА одговараат дека продолжението на дијалогот ќе биде во корист на сите страни, но според Бесим Догани од ДПА од него ќе нема корист ако ДУИ и понатаму останува на своите стари ставови:

„Ако мислат да доаѓаат со истиот заканувачки став дека „или мора да бидат дел од Владата или ништо“ тогаш тешко дека ќе се одвива некаков дијалог.“

Изминативе месеци освен отсуството на комуникација власт-опозиција, деновиве актуелни се недоразбирањата и меѓу партиите во владеачката коалиција односно Новата социјалдемократска партија и ДПА. Од двете страни тврдат дека нема криза во власта, но меѓу нив останува ,,натпреварот,, која партија во власта е поважна:

„Отворено тврдам дека никогаш не сме имале проблем и ние не криеме дека „клучот“ за опстанокот на Владата и парламентарното мнозинство е во НСДП.“

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, а нервозите на НСДП можеби се поради тоа што тие во владината коалиција се чувствуваат како „помал брат.“


Изјавуваат Горан Мисовски од НСДП и Бесим Догани од ДПА. Сепак при деновиве јавно демонистрираните спротивставени мислења меѓу партнерите во власта, НСДП и ДПА, експертите толкуваат дека тоа го доведува во прашање угледот на Владата:

„На овој начин кога еден коалиционен партенер зборува едно, друг друго, тогаш има проблем со угледот на Владата, нејзиниот рејтинг и угледот на премиерот кој неможе да си го обезбеди единството во Владата.“

Вели професор Рената Дескоска од Правниот факултет.
XS
SM
MD
LG