Достапни линкови

На Македонија не и е потребен голем владин кабинет


Во кабинетите на владата седат 22 членови. Од нив дванесет се минситри 4 вицепремиери и 5 минситри бес ресор. Ова е втора влада по обемност по онаа на Љупчо Гепоргиевски. Претходна на Бучковски имаше вкупно осумнаесет члена. Од опозиционата СДСМ критикуваат дека големиот број на минситери значи и непотребно трошење пари

„Јас не можам да говорам колку чини вкупно едно министерство без ресор, но чиста пресметка, месечно, граѓаните издвојуваат за еден министер сто илјади денари,“

вели пратеничката Весна Бенедевска

Од валадата засега не сакаат да коместираат дали на држава и се потребни толку минситри ниту пак колку чини нивната работа.
Според професорот од правниот факултет Саво Климовски бројот на членовите зависи од приоритетите на владата но и тоа како ке се договарат коалиционите партнери. Но сепак потенцира Климовски реално во овој периот на Македонија не и потребен толкав владин кабинет

„Лично мислам дека оптималната бројка треба да се движи меѓу 15- 20 министри, но тоа е договор меѓу коалицините партнери“

Иако опозицицинире и експретите сметаат дека бројноста на владата е резулатат на договорите помегу коалциските партии Иван Анастасовки потпреседател на собраината и член на НСДП партија која е во владината коалиција вели дека и тој не се согласува со гоелмината на кабинетот. Според него со вакавите решенија се оди спротивно од препораките на Евроапскта Унија за намалиување на јавната админситарција.

„Во принсип, сега, ова е мое мислење, согласно со препораките на ЕУ, на Македонија не и треба голема влада, и ако тргнеме во реформа на јавната администрација да тргнеме од тој сегмент. Знаете, коалициона влада, секој од партнерите бара повеќе, и можеби во некоја рака и уценува, јас за тоа со сигурност не можам да зборувам и во таква консталација се зголемува бројот на министрите.“

вели Анастасовцки и додава дека минситрите без ресор всушнсот покриваат обалсти за кои веке постои минситертсво

„Така што генерално, надлежностите и ингеренциите се во ресорното министерство, тоа може да доведе до ситуација на поклопување на надлежности,“

вели Анастасовски.
XS
SM
MD
LG