Достапни линкови

Новите решенија можно е да ја оттргнат политиката од оваа функција, оценува стручната јавност


Согласно со предлозите на Министерството за правда за нови закони за јавно обвинителство и совет на јавни обвинители можно е да се оттргне влијанието на политиката врз оваа институција, оценува стручната јавност. Според овие предлози републичкиот јавен обвинител ќе го предлага владата, а ќе го именува Собранието за време од шест години со право на повторно именување што е и уставна основа:

„Влијанието врз него досега и беше можно, но досега имавме пандан, а сега наспроти него го имаме Советот на јавни обвинители кој во многу аспекти презема надлежности кои претходно беа исклучиво во рацете на Јавниот обвинител. Ова практично значи дека освен него, сите останати Јавни обвинители ги избира Советот. Неговиот состав е професионален, единствено по функција влегуваат Јавниот обвинител и Министерот за правда, плус тројца членови што ги избира Собранието. Значи во тој состав имаме шест членови носители на јавно обвинителска функција кои ќе бидат растеретени од влијанието на авторитетот на Министерот за правда и Јавниот обвинител, можеби во почетокот нема да биде така, но со текот на времето секако дека ќе си дојде до израз овластувањето што го има Советот.“

Изјави Коста Петровски од Здружението на јавни обвинители. Тој објаснува дека влијанието на политиката се огледа и преку други институции како оние кои го пријавуваат криминалот затоа што обвинителството има функција да ги гони сторителите. Според него трите члена во Советот што ги избира Собранието, како и изборот на републичкиот јавен обвинител се начин да има взаемна контрола мегу трите власти. Тој не верува дека ќе се повтори истото сценарио за трите члена во советот, како во случајот со Судскиот совет кој сеуште не може да ги добие петте члена за кои се изјаснуваат пратениците. Стручната јавност смета дека по усвојување на новите законски акти нема да се актуелизира прашањето за нов обвинител, но оти е можно тоа како и досега да се случува со промена на власта. Опозицијата со критикити за владиниот предлог:

„Го уназадува и постоечкото решение, значи не ја постигнавме целта заради која што пристапивме кон измени на Уставот. Самото решение според кое Влада на ја обврзува мислењето на Советот на Јавни обвинители во формирањето на предлогот за избор на Јавен обвинител значи дека Советот се става во инфериорна положба. Тогаш се прашуваме зошто е ставено во Уставот да се бара мислење на Советот на јавни обвинители.“

Изјави Цветанка Иванова од СДСМ чен на собраниската законодавно-правна комисија. Во Министерството за правда велат дека ова е само предлог и може да претрпи измени.
XS
SM
MD
LG