Достапни линкови

Мора да се дефинираат точни критериуми, а не широко толкување на законот, велат познавачите


Постојано на релација власт-опозиција има обвинувања за непотизам или една личност на повеќе јавни функции, потоа носители на јавни функции кои се во роднински врски и слично. Во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се посочуваа повеке како Сашко Мијалков братучед на премиерот Никола Груевски беше назначен за директор на Управата за безбедност и контраразнување при Министерството за внатрешни работи, потоа сопругот на вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска за директор на Управата за јавни приходи и слично. Ке се стави ли крај на ваквите случаи со законот за спречување на судир на интереси? Експертите велат тоа е можно само со дефинирање на конкретни критериуми според кои ќе се одредува судирот на интереси. Од опозициските партии сметаат дека во голем дел тоа ке зависи пред се моралот на лугето кои ке го спроведуваат законот:

„Дефинитивно и овој закон неможе да отстапи од основното правило дека ќе има ретроактивно дејствие, но се останува на етиката како дополнителен критериум во ваква ситуација, јас негаам илузии дека тоа ќе се случи но ќе биде дополнителен притисок и веројатно првиот реален тест за Антикорупциската комисија која ќе биде надлежна за спроведување на овој закон и ќе видиме како ќе реагира.“

Изјави Владо Бучковски од СДСМ.
Претставниците на власта велат ова е закон од низата на правни акти што треба да ја приближат Македонија до евроатлантските структури и додаваат по усвојувањето на овој закон секој ке може да реагира до надлежните институции и да укаже на евентуално поастоење на судир на интереси. Тие се категорични, институциите во земјава имаат капацитет да го спроведат законот:

„Јас очекувам дека институциите по донесувањето на овој закон, оние институции кои ќе бидат задолжени, ќе го спроведуваат со сиот капацитет.“

Рече Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Познавачите на оваа област велат дека конфликтот на интереси е ставање на приватниот интерес пред државниот:

„Тоа е многу широко поставено, така да практично дава простор за толкување во конкретни ситуации.“

Изјави Јован Трпеноски член на претходниот состав на Државната антикорупциска комисија кој додава:

„Сега со новиот закон треба да се постигне да немаме и понатаму некое размислување, дали во одредена ситуација заземањето на две позиции во државната управа на лица од едно семејство претставува конфликт на интереси, туку треба да се знае дали има допирни точки функцијата која ја објавува едниот, да речеме од брачните другари, и функцијата која ја обавува другиот, дали меѓу нив има допирни точки и дали тоа може да се употреби во конкретни случаи.“
XS
SM
MD
LG