Достапни линкови

Во МНР оценуваат дека не станува збор за никаков притисок


Земјава треба да продолжи со својата работа во врска со членството во НАТО, како и Европската унија, вака од македонскиот државен врв ја коментираат изјвата на портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак кој рече дека прашањето за името треба да биде решено ако Македонија сака да продолжи и понатаму на патот кон членство во Алијансата и дека во моментов тоа не е единствено прашање. Тие сметаат дека оваа изјава не е никаков сигнал за забрзување на решението за овој проблем:

„Не се работи за никаков притисок за забрзување на решавање на тоа прашање меѓутоа сите, а најповеќе ние се надеваме дека тоа прашање треба што побрзо да се затвори.“

рече Шпреса Јусуфи од МНР.
Што велат аналитичарите за поставувањето на прашањето за името во Стејт Департментот:

„Тоа е дел од една кампања која грчката Влада ја води сега кон Америка нивниот амбасадор неодамна зборуваше пред истакнати членови на американскиот Конгрес на кој што се изнесоа обвинувања на сметка на Македонија, за тоа дека сеуште одгледува иредентизам во однос на грчката провинција Македонија.“

изјави аналитичарот Денко Малески кој додава дека за да се решат прашањата во регионот како билатерланиот спор со Грција, косовскиот статус, потребен е подолг период:

„Премногу би било оптимистичко да се мисли дека може да се стави крај на проблемите на Балканот на краток рок.“

Освен проблеми со соседите Македонија пак има и внатрешен проблем, политичкиот дијалог. Аналитичарите сметаат дека и покрај тоа што утрешната посета на еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен е планирана одамна, целта е меѓудругото да се разговара и за интензивирање на дијалогот:

„Сигурно е дека и тој ќе не предупреди дека треба да се води политички дијалог, се разбира повеќе се работи за функционирање на институциите на системот.“

изјави Димитар Мирчев претседател на Европското движење
Без разлика дали некој прака сигнали за побрзо решавање на проблемите, аналитичарите сметаат дека мора да се работи на спроведување на мегународните стандарди:

„Тие едноставно несакаат во нивното семејство да примат член кој што сеуште нема доволен демократски капацитет да ги решава на демократски начин интерните прашања.“

изјави Мерсел Билјали.
XS
SM
MD
LG