Достапни линкови

Само третина од Црногорците поддржуваат влез во НАТО


Влезот во НАТО е општоприфатена цел во Црна Гора. Но позитивен став за тоа имаат само една третина од црногорците. Исто толку се против приклучувањето, а преостанатата третина се неопределени. Тоа е стабилен тренд во последните неколку години.

Партиско политичката елита во Црна Гора во изминативе неколку години, како што вели аналитичарот Милош Бешиќ, ја косристи синтагмата евроатлантски интеграции со што сака да го изедначи влегувањето во НАТО со онаа во Европската Унија:

„Нема сега да невлегувам дали тоа е навистина е потребно, но сосема е сигурно дека кога станува збор за јавното милсње тогаш не постои таква перцепција. Јавното мислење јасно и недвосмислено вели да ние сме за влегување во Европската Унија, но не и за влегување во НАТО пактот.“

Критичкиот став спрема НАТО доскоро го имаа само приврзаниците на некои опозициони партии поради бомбардирањето на Алијансата во илјада деветстотини деведесет и деветата година. Но, таквиот став се повеќе се јавува и меѓу граѓанските партии и невладини организации. Иван Јанушевиќ вели дека неговата Либерална партија ќе побара широка јавна расправа за ова прашање:

„Сметаме дека на Црна Гора не и се заканува никаков ризик, никаква опасност, односно ќе поставиме две прашања: што добиваме и какви се нашите обврски со влегувањето во НАТО. Мислиме дека цената за тоа е преголема. Црна Гора со четористотини илјади полнолетни жители не може да одговори на обврските на Алијансата.“

Меѓу опозиционите партии кои на НАТО гледаат како на непријателска воена сила беше и Српската народна партија која бара спроведување референдум за евнтуеланиот влез на земјата во НАТО:

„Принципиелен став на Српската народна партија е дека НАТО пактот не ја бомбардираше Сојузна република Југославија, туку дека извршил класична агресија. Но од друга страна, не сакаме да дозволиме некој сегмент од нашата политика да биде изолационистички и се трудиме да се вклопиме во регионалната и европската рамка.“

Вели портапоролот на оваа партија Добрила Дедеиќ. Од регионалната мрежа Приговор за мир пак во Црна Гора подготвуваат акција во која би се промовирал ставот за невлегување во НАТО.

„Не е точно дека НАТО не е воена алијанса, иако таа се обидува да се претстави како политичка. Таа не пружа сигурност. Кога пред извесно време Марко окупира некои шпански острови, НАТО не интервенираше и покрај тоа што Шпанија е членка на пактот. Од друга страна тука се трошоците. Тоа ни го покажува примерот со Бугарија која мораше да ги продеде своите тенкови за да купи холандски.“

Наведува Борис Раониќ, координатор за Црна Гора на мрежата Приговор за мир, дополнувајќи дека земјата не смее да си го дозволи НАТО и поради тоа што таа се декларира како еколошка држава која сака да развива туризам.
XS
SM
MD
LG