Достапни линкови

Владата бара решение преку вработување, но стечајците велат дека нив никој несака да ги вработува


Додека стечајците тврдат дека неможат да најдат вработување, Владата останува на понудата за нивно вработување до пензионирање, односно вклучување во програмата на активни политики во која се предлагаат мерки за решавање на проблемот со невработеноста во државава. Според стратегијата на Владата за намалување на невработеноста, предвидено е стечајците да бидат вработени на ниво на локална самоуправа:

„Се предвидува анагажирање на илјада лица за изведување јавни работи во локалната самоуправа преку покривање на трошоци за надомест за работа и за персонален данок, како и ангажирање на 400-тини невработени лица за изведување градежни работи и еколошки проекти.“

Изјавува Жаклина Величковска портпарол на Министерството за труд и социјална политика. Иако барањето им е добивање паричен надоместок од Агенцијата за вработување до ново вработување или пак пензионирање, на понудата од Владата сепак стечајнците потенцираат дека и покрај тоа што се обидуваат, неможат да најдат работа бидејќи поради староста се неатрактивни за работодавците. Стојан Стојанов од Здружението на стечајци со над 25 години работен стаж истакнува:

„Еве пред некој ден во штипските конфекции се понудивме за работа, но кога отидовме да побараме работа тие ни кажаа: Не ни требате вие сте само за пензионирање и Владата нека ви најде некое решение, ние бараме работници најстари со 35 години старосна граница.“

Со сосема спротивставени ставови, можно ли е да се најде компромис меѓу двете страни за овој долгогодишен проблем. Стојанов вели дека тие се подготвени на отстапки, но тврди дека нема слух од другата страна:

„Компромис нема. Ние претходно имавме барање да бидеме пензионирани, меѓутоа од тоа се откажавме и сега бараме до ново вработување да се земаме паричен надоместок од Агенцијата за вработување. Меѓутоа сите наши заложби се за компромис, а од другата страна нема решение.“

Економските експерти укажуваат дека оваа категорија на граѓани се најпогодени во транзиционите земји, а решението обично се бара преку нивна докфалификација или прекфалификација за вклучување во новите правила на пазарот:

„Значи треба да се види што станува со оние пари кои што беа насочени претежно од Светската банка, дадени за нивна прекфалификација и да се види зошто тоа не успеало, каде се потреошени парите, што е постигнато, зошто не се постигнати резултати и кој треба да одговара за тоа?“

вели Марјан Николов од Центарот за економски анализи.
XS
SM
MD
LG