Достапни линкови

Дајте и шанса на новата стратегија за Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш во обраќањето до двата дома Конгресот побара од конгресмените и американците да покажат парламентарно разбирање и да и дадат шанса на новата стратегија за Ирак. Годишното обраќање за состојбата на нацијата доаѓа во време кога неговиот рејтинг е 30 насто или најнизок досега. Во меѓувреме денеска во Сенатот ке започне дебата за резолуциите кои во суштина се противат на бушовата одлука за испраќање дополнителни 21500 војници. И двете резолуции се подржани од демократите и дел од републиканците на претседателот.

Џорџ Буш рече дека Ирак се наоѓа на критичната точка од неговата историја со страшни верски насилства и дека е време американските сили да превземат посилна акција. Буш изјави дека е свесен за отпорот на неговиот план, но дека тој е внимателно разгледан заедно од командантите на теренот и дека има шанси за успех. Многумина разбираат, рече Буш во говорот во Конгресот, дека несупехот во Ирак ќе има големи и далекусежни последици. Предвременото повлекување, според америакнскиот претседател, значи оставање на земјата во хаос како отворен простор за непријателите во муслиманскиот свет. Сунитите на Ал Каеда и шиитите на Иран и Хезболах.

„Надворот од хаосот во Ирак ќе значи безбеден рај за осоколениот пријател, нови регрути, нови извори и поголема определба да и се наштети на Америка. Ако дозволиме тоа да се случи, значи дека ги игнорираме лекциите од 11 септември и ја предизвикуваме трагедијата. Дами и господа ништо не е поважно во моментов во нашата историја од тоа Америка да успее на Блискиот Исток, да успее во Ирак и да ги спаси американците од опасноста.“

Како и пред две недели кога го објави неговиот план Буш рече дека ирачката влада се уште не доволно способна да одговори целосно за безбедноста во земјата, но и оти ирачките лидери знаат дека американската инволвираност не е вечна. За прв пат по 6 години откако е претседател, Џорџ Буш денеска ќе се соочи со најмалку една од двете резолуции кои токму се противат на неговиот план за Ирак. Резолуциите се подржани од Демократите, но и од дел од неговите Републиканци. Соочувајки се со таква опозиција Буш во неговиот говор се обиде да најде заеднички терен во неколку домашни теми како кратење на потрошувачката на нафтата за 20 насто во следните 10 години со користење алтернативна енергија, потоа со предлог за зголемување на здравственото осигурување и планот за поголема безбедност на границата со Мексико за спречување на илегалната имиграција. Демократите пак го одбраа сенаторот Џејмс Веб да го даде опозициониот одговор. Веб е ветеран на виетнамската војна, секретар во времето на Роналд Реган за морнарица. Тој рече дека подржува цврста политика во војната против меѓународниот тероризам, се противи на предвремено повлекување од Ирак, но се противи на жестоката војна во Ирак

„Претседателот не одведе во војна безобзирно. Тој не ги зеде во предвид предупредувањата на националните советници за време на првата заливска војна, шефот на штабот на армијата, двајца поранешни команданти од централната команда во чија надлчежност беше Ирак. директорот на операциите за заедничкиот шаб и многу. многу други со голем интегритет и искуство во националната безбедност. Ние сега како нација, сме заложник на предвидлива и предвидена збрка која следи.“

Деморатот Веб рече дека Буш е тврдоглав за неговата ирачка политика. Не треба војници туку повеќе дипломатија на Блискиот исток, вклучувајки ги и Иран и Сирија – земји со кои Буш одбива да преговара, рече демократот Џејмс Веб.
XS
SM
MD
LG