Рековте како вице премиер за имплементација на рамковниот договор дека останува уште да се спроведе до крај правичната застапеност во државната администрација и донесувањето на законот за употреба на јазиците. Но, за овој закон само се зборува, а нема никакви конкретни предлози или проекти?
Прво, законот е извадок од Рамковниот договор. Значи, нешто што е договорено дека ќе се случи. Употребата на албанскиот јазик да биде официјална, да биде официјален службен јазик во Република Македонија. Втора работа, сето тоа е преточено во уставните амандмани, значи уставна категорија, уставно право. И трета работа, во низата палети, законот за употреба на јазиците е само еден од нив. До сега се донесени некаде околу 67 закони, вклучувајќи го и последниот закон за полиција. Во таа насока, можеби е посуптилен овој закон, затоа што е еден од столбовите на Охридскиот рамковен договор, така што очекувам дека тука ќе треба многу широк консензус да се добие по ова прашање, да се усогласат многу ставови. Да било многу лесно и многу лесно да успеале да најдат решение и претходните коалициони партнери ќе го направеа тоа. Но, без разлика на тоа, ние сме тие што треба да работиме. Ние веќе работиме. Имаме некои комуникации со Советот на Европа со неколку парламентарни групи од Брисел, со други земји кои имаат искуство со употреба на јазиците на заедниците, но ние сме оригинална земја, имаме наш Устав којшто треба да го преточиме во закон. Сме во фаза на разгледување на можните драфт верзии и набргу сигурно дека ќе почнеме да изготвуваме одредени варијатни кои ќе треба најпрвин да се усогласат меѓу нашите коалициони партнери, па потоа и во една поширока дебата, со невладиниот сектор, опозицијата итн. Меѓутоа, она што е најбитно, употребата на јазиците не треба да се сфати како нешто што треба да се наметне на еден дел од граѓаните на Република Македонија. Туку донесување на закон или закони коишто ќе ја уредат употребата на јазиците на заедниците во Република Македонија ќе треба да се сфати како потреба да ние веќе се усогласиме, значи да се хармонизираат законите со Уставот, а со тоа ќе бидеме и поблиску и со нашата хармонизација со ЕУ и НАТО.
Вие лично предложивте со новиот деловник да се регулира употребата на албанскиот јазик во Собранието. Во собраниските комисии и на седниците. Дали тоа ги надминува одредбите од Рамковниот договор?
Не, прво значи јас немам право да предложам, затоа што деловникот го предлага собранието. Право да предлагаат имаат пратениците. Но, од позиција на вице премиер, кој е одговорен за спроведување на Рамковсниот договор имам право да укажам, па и во Собранието, судството, кабинетот на претседателот и пошироко, секаде каде што со устав одредени прашања се решени, а ако се забележи дека подолго време не се спроведуваат тие уставни категории, јас имам право тоа да го кажам, затоа што на крајот на краиштата мнозинството на коалиционите партнери за таа работа и ме ангажирале. Во таа насока е и моето размислување дека ако биде пречка долго време неколку комисии во парламентот да не функционираат, токму поради употребата или неупотребата на јазикот на заедниците коишто се повеќе од 20 насто на последниот попис, а коишто со Устав имаат право да го употребат својот јазик, ценам дека треба едно длабоко усогласување и во деловникот на Собранието. Но, одлуката е на Собранието и за неа тие треба да расправаат, да се договараат и на крајот да ја донесат. Меѓутоа, Уставот признава категорија на службен јазик во Република Македонија на заедницата над 20 насто.
Ве прашувам како член на Советот за безбедност, а во пресрет на презентацијата на планот за финалниот статус на Косово. Со оглед на тоа што времето е кусо, има ли можност да се реализира нашето барање проблемот со демаркацијата на границата да се реши пред или во пакет со овој план?
Па, ние во многу наврати тоа сме го кажале. На сите наши официјални и неофицијални разговори. И при посетата на највисоките функционери на Косово и при посетата во Косово, во сите наврати е кажано дека ние сакаме или инсистираме демаркацијата да се случи со дефинирањето на пакетот на финалниот статус и во таа насока мислам дека има разбирање од страна на Косово. Но, пак велам дека финалниот статус е материја којашто се работи не толку под влијание на граѓаните и функционерите на Косово, туку се работи надвор, во рамки на меѓународната заедница, јас очекувам дека тие ќе направат најдобар пакет за Косово и најдобар пакет за регионот со тој пакет.
Во овој контекст, со оглед на тоа што резултатот не е познат, мислите ли дека Македонија е подготвена на секој можен тек на настаните поврзани со Косово?
Мора да знаеме дека Косово се раководи од ОН. Има значаен број на мисијата на КФОР, односно НАТО, така што мислам дека таму ситуацијата не е колку Македонија или Србија посакува да се случат некои работи, сепак меѓународните институции како ЕУ и НАТО се подлабоко навлезени и водат поголема грижа за настаните, идните чекори и идниот статус на Косово.
Имате ли конкретни мерки за борбата против корупцијата во здравството?
Самиот факт дека веледрогериите се откажаа според проценките на Фондот за здравство дали во камати или основица за десет милиони евра само за трите месеци од нашето управување со здравствениот сектор кажува многу. Значи, тие се откажаа за да тие пари останат во државата односно фондот. Значи, може да претпоставувате дека тие пари кога ние би биле поинакви можеле да завршат во многу приватни џебови.
Што со корупцијата на релација лекар – пациент?
Еден дел од оваа корупција ќе се намали со воведувањето на дополнителната дејност. Второ, останува до свеста. Планираме да ангажираме посебни агенции со кои ќе работиме со населението за да ја разбудиме свеста дека корупцијата најмалку може да им помогне на тие што ја даваат. Секој таков случај треба да се пријави за ние да преземеме мерки. За жал, мал е бројот на граѓаните што пријавуваат корупција. Само минатите два месеци имаме два случаи каде што МВР ги фати на дело и лекарите завршија во затвор. Но, тоа не е вистинската слика. Сигурно постои повеќе корупција и поголема корупција. Меѓутоа, таа огромна битка ќе ја биеме со нашите законски проекти, но и со помош на граѓаните за успешно да се справиме.