Достапни линкови

Има ли фајде?


За оваа година во буџетот се определени средства за промоција на земјава, но и еден дел за лобирање, и сето тоа треба да резултира со македонско приближување кон евроатлантските интеграции. Од секторот за европски прашања во Владата информираат дека засега не предвидени средства за лобирање во Европа, но не ја исклучуваат можноста тоа да се направи со пренамена на финасиите. Со цел лобирање во Соединетите држави распишан е мегународен тендер за ангажирање на фирма за лобирање, информираат од Министерството за надворешни работи и додаваат дека тој ке биде затворен кон крајот на овој месец, по што највауваат и исти активности за Европската унија.

Аналитичарите во земјава се согласни дека Македонија е далеку од процесот на лобирање, пред се поради немањето доволно средства, бидејки услугите на вакви фирми чинат многу или на пример паушал во случај на лобирање за конкретен конкурс чини околу 200 илјади евра или 800 евра сатница. Тие укажуваат и дека за успех во случај на лобирање потребна е добра координираност мегу министерствата, со поединични фирми и слично. Звонимир Јанкуловски поранешен македонски амбасадор во Советот на Европа смета дека овој процес треба да биде насочуван од владата

„Лобирањето може да оди по безброј канали и работата е како државата ќе може да го канализира тој процес.“

Во последно време владите ангажираат странски советници. Во 2004 беше ангажиран Теодор Вајгел, минатата година владата го ангажираше Ерхард Бусек од пактот за стабилност. Упатените велат резултатите се мали, и ја истакнуваат изјавата на германскиот амбасадор во земјава Ралф Брет кој вели не можам да ја дефинирам Германија како лобист за македонија во Европската унија. Мерсел Билјали кој беше советник во кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски смета дека е потребно е време за од ваквиот ангажман да има резултати

„Не сум многу оптимист на тој план, знаејќи дека тие дејствуваат во поинакви услови и менталитет.“

Некои од хравтските медиуми објавија дека во Брисел функционираат околу 15 илјади лобисти, а има и околу 2600 посебни интересни групи, чии годишни приходи се помегу 60 и деведест милиони евра.
XS
SM
MD
LG