Достапни линкови

Задачите се јасни – реформи во одбраната, судството и економијата


На средбата која препладнево се одржа во минстерството за надворешни работи министерот Антонио Милошоски ги информирал амбасадорите на земјите членки на НАТО за активности врзани за подготовките за членство во алијанста, и го потврдил значењето и важноста согналот за покана за членство во 2008 година испратен од Самитот во Рига Милошоски како што се вели во соопштението од министерсвото потенцирал дека главна задача на владата во 2007 година е да ги заврпши планирани реформи потребни за да добиеме покана.

По средбата Марјан Шифтар, амбасадорот на Република Словенија, земја која од први јануари од амбасадата на Велика Британија ја презеде функција контакт амбасада на НАТО во Македонија изјави дека акциониот план кој им го презентирал министерот Милошоски добил подршка од сите присутни амбасадори

„Задачите се јасни и познати. Реформи на одбранбениот, судскиот систем, економските програми и се останато што и така е дел од агендата на македонската влада.“

изјави Шифтар кој во врска со аферата со запленето оружје од министертсво за одбрана рече оти на состанокот биле информирани дека владата во најскоро време ке излезе со коплетен извештај и добиле гаранција дека се ке биде во соласност со законите.

Инаку, во период на критики од опозицијата дека аферата со оружјето, бавното спроведување на реформите, немањето политички дијалог и други забелешки ке влијаат врз интегрирањето во алијанста, деновиве државниот врв ги засили активностите. Министерот за одбрана Лазар Еленовски од вчера престојува во седиштето на НАТО во Брисел каде што ке се сретне со генералниот секретар на алијансата Јап Де Хоп Схевер и со неколку амбасадори од земјите членки. Портпаролот на министертвото Биљана Аврамовска вели дека средбата е редовна а има цел да ја потенцира подготвеноста на владата за завршување на потребните реформи.

„Ова се редовни активности, но во неколку наврати напоменавме дека ја поздравувавме декларацијата од Самитот на НАТО во Рига. Сигналите беа одлични, останува на нас да поработиме интензивно, како се ближи финишот, така и обврските се поголеми“

објаснува Аврамовска.
XS
SM
MD
LG