Достапни линкови

Враќање на случаите од Хаг?


Министерите за правда и внатрешни работи, Михајло Маневски и Гордана Јанкуловска, како и вицепремиерката за евроинтеграции Габриела Коневска денеска заминуваат за Хаг каде за утрешниот ден се планирани средби со претставници на Трибуналот. Како што информираат од министерството за правда ке се разговара за текстот на законот за соработка со трибуналот и за начинот на кој ке се вракаат четирите предмети. Надлежните се надеваат дека ке се прецизира кој предмет кога ке биде доставен на македонските институции. Трибуналот спроведуваше истрага за пет случаи, Љуботен за кој покрена обвинение пред хашкиот суд против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, но не и за останатите случаи, како за затворањето на липковската брана, малтеретираните работници од градежното претпријатие Маврово, случајот киднапирани и раководството на ОНА. Токму со вракањето на овие случаи и нивното процесуирање пред судовите во државава се актуелизира прашањето за реакциите на партиите од албанскиот блок.

Од Владата велат дека засега постои согласност со коалициониот партнер ДПА. Од оваа партија пак не ја исклучуваат реакцијата по евентуалното вракање на предметите. Оттаму укажуваат дека се ке зависи от тоа како ке се одвиваат разговорите за нивно доставување во Македонија. Лидерот на ДУИ Али Ахмети неодмна истакна дека тој за вакви случаи го признава само мегународниот суд. Рафиз Алити од ДУИ вели ако се вратат овие случаи ке треба да се отворат и други

„Во Република Македонија треба јасно да одлучиме дали ќе го почитуваме законот за амнестија или не. Ние и кога сме биле под униформа и после тоа сме рекле дека сме спремни да одговараме пред Хашкиот трибунал, ако има дела против човештвото. Но, ако не се почитува законот за амнестија треба да се отворат и други процеси.“

Од ДУИ и ДПА укажуваат дека ако се вратат четирите случаи ке треба во земјава да се отвори посериозна расправа за тоа зошто дојде до конфликтот во 2001, што се случувало во тој период, кој носи одговорност од двете страни и слично.
XS
SM
MD
LG