Достапни линкови

Општините пред предизвикот дали ќе ги исполнат потребните услови за овој процес


Во пресрет на втората фаза од фискалната децентрализација која почнува од 1 јули 2007 година, општините предупредуваат дека во овој процес мора да се влезе подготвено, а не како во првата фаза која им донесе многу проблеми. Имено втората фаза од фискалната децентралзиација освен продлабочување на ингеренциите, значи и нов начин на финансирање, односно општините од сегашниот начин на наменско финансиирање што значеше префрлање на средства од централниот буџет директно во институциите, здравство, образование, култура и социјална заштита кои во првата фаза беа децентрализирани, сега овие средства ќе легнуваат на сметката на општината. Но, за да можат да ги добијат директно на своја сметка овие средства од државата, општините ќе мора да покажат дека во изминатите две години од процесот на децентрализација работеле финансиски стабилно односно дека се без долгови. За некои од општините, кои се во огромни наследени долгови ова е невозможно, па градоначалникот на Велес Аце Коцевски кој воедно е и претседател на комисијата за финансирање во ЗЕЛС искажува стравување од можноста втората фаза од децентрализацијата да биде одложена:

„Неизвесно е што ќе се случи, законот е многу рестриктивен и ригорозен и доколку не дојде до негова измена и дополна можно е да се случи да биде одложена втората фаза од децентрализацијата. Јас не се согласувам со тоа бидејќи сметам дека тоа е лоша порака што нашата Влада ќе ја прати до македонската јавност, особено до меѓународната јавност.“

Вели Коцевски. Градоначалницитие меѓу барањата да покажат стабилно и без долгови финансиско работење, се затекнати и од проблемот кој ќе им ги намали средствата за финансирање по воведувањето на рамните даноци од први јануари 2007 година кои ќе изнесуваат 12%. Посебен проблем се руралните средини, изјавува градоначалникот на општина Чашка Стојан Маневски:

„Ние настојуваме преку општините, како рурални општини да извршиме притисок до власта за да ни овозможи посебен извор на приходи за руралните општини.“

Во очекување на втората фаза, за тоа какви се сегашните проблеми на општините и процесот на децентрализација, градоначалникот на скопската опшитина Гази Баба Коце Трајановски забележува:

„Нашите луѓе уште во фекалии живеат, во пепел во прашина, улиците се темни, неасфалтирани, немање фекална канализација, тоа беше страшно и тоа имено значи подбивање со процесот на децентрализација.“

истакнува Трајановски.
XS
SM
MD
LG