Достапни линкови

Ние правиме се за политичкиот дијалог


Кога се говори за тоа што треба да се направи за да има резултати од политичкиот дијалог мегу лидерите, од политичките партии само мегусебни обвинувања. Оние од власта и од опозицијата единствени се само во едно, дека прават се за да има успех. Понатаму остануваат обвинувањата или оние од власта сметаат дека нема минимум волја од опозицијата за да се разговара, а од СДСМ и ДУИ обвинуваат дека власта нема слух за она што тие говорат. Јани Макрадули од социјалдемократскиот сојуз со некои предлози за тоа како би требало да се одвива дијалогот

„Заложбите што ги кажуваат не ги преточуваат во дела. Ни фали искреност во разговорот што ќе резултира со конкретен чекор, дали тоа ќе биде формирање на заеднички работни групи што би работеле не тиа проекти, дали тоа ќе биде агенда со теми кои однапред би се знаеле.“

Од ДУИ велат дека не е можен разговор ако нема меѓусебна доверба и кога некој нема слух за барањата на другиот

„Мандатарот Груевски сака да наметне само свои теми, но никако во својата агенда да ги стави и темите кои се предложени од другите партии,“

изјави Рафиз Алити.

Странските аналитичари пак сметаат дека прво треба да се постигне ситуацијата во која политичките партии ке си веруваат. Тие посочуваат дека бидат присутни на средбите се додека тоа се бара од нив

„Па мислам дека е јасно оти е предност за Македонија во овој момент да има присуството на нејзините пријатели во дијалогот мегу политичките лидери. И се додека лидерите ке сакаат присуство на мегународната заедница тоа ке биде случај. Но, тоа зависи од нив, тие треба да одлучат како и каде ке се срекаваат, и се разбира за што ке разговараат. Но кога го велам ова, сметам дека е важно да си веруваат, зошто само така е можно да се има продуктивен дијалог, а тоа недостасува“

вели Алекс Грирориев прв човек на одделот за Западен Балкан во рамки на Проектот за етнички односи една од организациите што го организираат мавровскиот дијалог.
XS
SM
MD
LG