Достапни линкови

Германија ќе ги искористи шестте месеци за нова европска стратегија за овие земји


Односите со земјите од Централна Азија, Црноморскиот регион и Русија ќе бидат главните приоритети на германското претседателство во Европската Унија. Имено, шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер најави дека Германија ќе ги искористи наредните шест месеци за да ја подготви новата европска стратегија спрема тие земји.

Како претседавач на Европската Унија, Германија има намера заначително да го сврти фокусот на Унијата кон Исток. Секако, Германија ќе го задржи традиционалното европско внимани кон Балканот, Турција и Блискиот Исток, вели германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, оценувајќи дека Европската Унија сака да биде сериозен играч во тој дел на светот:

„Тоа е регион каде што имам забележано дека и покрај тоа што се граничи со Русија и Кина, не ја сака моноплизацијата од овие два големи соседа. Многу земји во регионот очекуваат Европа да се заинтересира за нив.“

Штајнмаер дава три причини зошто Централна Азија е од стратегиски интерес за Европа. Прво регионот е лоциран во непосредно соседство на нестабилните Авганистан, Пакистан и Иран. Второ, Централна Азија се бори и засега успешно да го зачува исламскиот фундаментализам и трето Европа е заинтересирана за регионот заради тамошните енергетски ресурси. Притоа Штајнмаер, како значаен чекор кон Црноморскиот регион го потенцира престојното влегување на Бугарија и на Романија во Европската Унија:

„Влезот на Бугарија и Романија, исто така значи дека Европската Унија ќе добие нови непосредни соседи. Затоа ние треба да ја ги испитаме ефектите од Европската добрососедска политика. “

Некои европски дипломати сметаат дека полза од ваквиот европристап во иднина ќе имаат Молдавија, Украина, Грузија, како и другите кавказки држави. Третиот германски источен приоритет неизбежно е Русија. Надежите неодамна во Хелсинки, Брисел да дојде до нов партнерски договор со Москва пропаднаа поради полското вето предизвикано од забраната за увоз на полско месо во Русија:

„Европски интерес Русија да зачекори на патот на правото, законите и демократијата и да биде блиску до европскиот вредносен систем. Затоа сметам дека е неопходно да го прошириме спектарот во односите со таа земја.“

Изјави германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер, кој изрази надеж дека наскоро ќе продолжат преговорите и за последните две поглавија за пристапување на Турција и оти до крајот на геманското претседателство, во јуни идната година, ќе биде постигнат консензус за новиот устав на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG