Достапни линкови

Образовниот кадар смета дека главен проблем е капацитетот на постојните училишта


Клучен чекор за економски напредок, намалување на невработеноста и развој на државава е инвестиција во образованието со што ќе се создадат поедуцирани генерации, вака од Владата ја образложуваат одлуката за воведување на задолжително средно образование, за што ќе следат и измени во Уставот со цел зголемување на квалитетот на образованието во земјава. Образложувајки ги намерите за ваквата одлука Министерот за образование Сулејман Рушити за нашето радио изјавува:

„Во едно стратешко планирање за економски раст на државата сигурно дека е важно да се има и кадар кој ќе биде на пазарот на трудот достапен за сите странски но и домашни инвеститори.“

Изјавува министерот Рушити. Но, главен проблем кој се наметна по ваквата намера на владата е сегашниот капацитет на училиштата, односно колку тие ќе можат да одговорат на новиот број на ученици. Владата планира во иднина да воведе девето летка во основното образование и три години средно образование со што според нејзините пресметки ќе се ослободи една четвртина од капацитетот на средното образование и ќе се намали потребата од изградба на нови училишта. Сепак, Министерот Рушити вели дека од некаде мора да се почне, а таму каде што има потреба во иднина ќе бидат изградени нови училишни капацитети:

„Сметаме дека таму каде што нема капацитет ние ќе овозможиме и просторно, но и пополнување на кадарот кој дополнително ќе биде потребен за оваа уставна промена.“

Вклучените во образованието ја поздравуваат ваквата одлука, но се песимисти имајќи ги в предвид условите во кои сега работат училиштита, дека ќе може да се обезбедеат дополнителни капацитети:

„Со задолжителното образование според мое мислење ќе ни треба уште просторно да се прошириме односно да градиме училишта.“

Изјавува директорот на средното економско училиште во Тетовото Исмаил Љатиф. Исто е мислењето и на директорката на училиштето Арсение Јоввков во Скопје, Цвета Петреска:

„Во моментов во нашото училиште ние немаме простор за ниту една паралелка плус.“

Според податоците на Заводот за статистика во учебната 2004-2005 година од 130 илјади лица на возраст од 15 до 18 години, во средно образование се запишале околу 86 илјади лица.
XS
SM
MD
LG