Достапни линкови

Без екстра добивка во пракса


Со цел да се унапреди билатералната соработка и да се развиваат економските односи помеѓу земјава и другите држави, Македонија има потпишано договори за спречување на двојното одданочување со 25 земји во светот. Од министерсвото за финансии информираат дека процесот на склучување на вакви договори се интензивира со Канада и Соединетите Држави со кои Македонија има значајна трговска размена. Конкретната предност на овие договори ја објаснува економскиот аналитичар Душан Вељковиќ.

„Тоа значи дека извозните производи, во земјата на потеклото треба да се ослободат од даноци и други давачки кои се плаќаат во земјата на потекло доколку стоката се пласира на домашниот пазар. На тој начин, извозните стоки стануваат поконкурентни на странскиот пазар. “

Склучувањето на овој договор значи дека фирмите на едната држава добиваат ист даночен третман во другата и истите го регулираат правото која од двете држави ќе изврши одданочување. Крајната цел е да се избегне опасноста и двете држави да пресметуваат данок.

Ова особено ги засега македонските стопанственици. Неодамна стопанственикот Зоре Темелковски размислувал да отвори претставништво во една од земјите со кои имаме потпишано договор против двојно оданочување. Но практичните искуства не биле позитивни, оти како што вели некоја од земјите договорнички ги изигруваат одредбите на потпишаната спогодба.

„Не видовме дека нешто екстра добиваме и дека државата до крај го има разработено двојното оданочување. Многу малку владата работи на тоа двојно оданочување. Повеќе е парадно и како закон по потреба е донесено. Мислам дека функционира само со Германија и Словенија.“

Експертите велат дека ваквите договори не треба да се склучуваат кога се создаваат регионални групации како што е Централно европската зона на слободна трговија, ЦЕФТА. Во ваков случај, потенцира Вељковиќ, билатералните договори за одбегнување на двојното оданочување стануваат беспредметни.
XS
SM
MD
LG