Достапни линкови

Физички пресметки околу изборот на партиските органи


Во најголемата партија на косовските Албанци, Демократскиот сојуз на Косово, зголемени тензии, кои доведоа и до физички пресметки, околу изборот на партиските органи. Сето ова трае откако партија што ја формира Ибарихим Ругова, се подели на две крила. На чело на едното е претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, а второто го сочинуваат приврзаници на поранешниот претседател на собранието Неџат Даци.

Претседателот на Косово и лидер на Демократскиот сојуз Фатмир Сејдиу во наредниве денови би требало да закаже седница на Главниот одбор на која ќе се избира претседателство, како и други органи на партијата. Главниот одбор беше избран на неодамнешното изборно собрание кога Сејдиу и стана нов лидер на партијата, прв на таа функција по Ибрахим Ругова. Но, по смртта на Ругова, во партијата се одвоија две струи предводени од Сејдиу и од Даци. Поделбите довдоа и до физички премсетки на изборното собрание на кое Сејдиу доби дваесет и девет гласови повеќе од Даци за да стане лидер на Демократскиот сојуз. Пратеничката Беса Гаџери која го поддржува крилото на Даци вели дека се уште е рано да се заклучува дали партијата ќе се подели. Таа додава дека Сејдиу бил избран по демократски пат, што не било случај и со изборот на Главниот одбор.

„Првиот дел од изборното собрание беше завршен на демократски начин. Но вториот е неприфатлив и ние ќе го чекаме одговорот.“

Според Гаџери, во Главниот одбор имало премалку кандидати од крилото на Даци. Од друга страна, шефот на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово Аљуш Гаши смета дека личните судири не смеаат да ја оштетат партијата а со тоа и процесот на дефинирање на статусот на Косово:

„Не е најважно кој ќе биде во Главниот одбор или во претседателството. Најважно е да се подготвиме за спроведување на спогодбата за независност. Не смееме да го доведуваме под прашалник избраниот претседател на Демократскиот сојуз и на Косово кој всушност е и шеф на преговарачкиот тим.“

Во секој случај, посматрачите оценуваат дека на Сејдиу и на Даци им претстои период на одлуки. Сејдиу, освен што ќе мора да се соочи со големиот број приврзаници на Даци, ќе мора и да ибере на која функција да остане бидејчи, според Уставната рамка, претседателот на Косово не смее да биде и лидер на партија. Од друга страна, по изборот на сите органи на Демократскиот сојуз на Косово ќе биде познато дали крилото на Неџат Даци ќе остане во рамките на партијата, дали Даци ќе формира посебна парламентарна група или ќе се реши да создаде нова партија.
XS
SM
MD
LG