Достапни линкови

Чекор назад или непоместени позиции во процесот за членство во ЕУ?


По дводневниот самит на тема стратегијата за проширување на Европската унија со порака од идниот претседавач Германија дека земјите од Западниот балкан имаат перспектива за влез, но дека тоа не е гаранција за полноправно членство, македонскаат стручна јавност со различни реакции. За некои тоа што Македонија е спомната во група со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и дека има среднорочна перспектива е лоша вест

„Имавме реални шанси да се одвоиме и се одвоивме од останатите земји од нашето соседство затоа што го добивме кандидатскиот статус и се одвоивме од таа група и второ ја имаме изјавата веднаш по проширувањето од евро комесарот Оли Рен, каде што самиот забележа дека ако Македонија продолжи со ова темпо, има шанси да ја стигне Хрватска и заедно да влеземе во ЕУ. Од тој момент ние не само што не успеавме да влеземе во група заедно со Хрватска, туку за жал она што а најлошо во овој момент Македонија е вратена во група со БИХ, Србија и Албанија и со жалење може да констатираме дека во моментов кандидатскиот статус не е предност на Македонија,“

изјави Андреј Жерновски од собраниската комисија за европски прашања. За разлика од него Димитар Мирчев од ДОМ и претседател на Европското движење со поинакво мислење

„Тоа е поттикнувачка порака за Македонија бидејќи истовремено има и други пораки, дека останува индивидуалниот пристап на секоја земја кандидатка и зависи од земјата кандаидатка.“

Шпреса Јусуфи од министерството за надворешни работи вели

„Не мислиме дека за Македонија во дадениот момент има некои драстични поместувања. Тоа е период за консолидација на ЕУ, но и консолидација на Република Македонија кога треба да покаже видливи резултати, а самото тоа дека имаме кандидатски статус е потврда дека пристапот е индивидуален“

Една година по добивањето на статусот кандидат за членство во Европската унија на адреса на државава критики пред се за политичкиот дијалог и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG