Достапни линкови

Ништо од реформите, остануваме робови на партизацијата на судството


По изборот на сите членови на Судскиот соовет на Република Македонија, оваа институција треба да биде конституирана најдоцна до средината на јануари, информираат од Министерството за правда. Оттаму додаваат дека Советот ке биде надлежен да одлучува за изборот и разрешување на судиите, оценка на нивната работа, за дисциплинската одговорност, а ке одлучуваат и по претставки од граганите кои се однесуваат на работата на судиите. Во Судскиот совет осум членови се избрани од редот на судиите, тројца избира собранието, двајца предлага претседателот на државата, а ги избира парламентот и членови по функција се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.
Опозицијата смета дека новиот состав на Советот не гарантира дека ке се оствари целта независно судство

„Сите тројца луѓе прифатени од парламентарното мнозинство припаѓаат на една од политичките партии, луѓе коишто биле дури и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе коишто биле во влади итн. Од овој процес се направи фарса, процес на лицитирање со имињата на луѓе, сите што беа квалитетни, воопшто не одговараше за нив и мислам дека на ваков начин уште ќе робуваме на тесно партиските интереси и ќе се движиме по исклучиво партиска патека и не постои ниту желба, ниту политичка волја да направиме независно судство, што ни е и тоа како потребно, имајќи ги предвид укажувањата од страна на ЕУ. Тоа е еден од основните услови за напредок,“

Изјави Оливер Спасовски од СДСМ.

Судиите пак велат

„Во делот на новиот состав и влијанијата на политиката и политичките влијанија, јас нема да го коментирам, но ќе упатам да видите од каде доаѓаат личностите, кој ги предлага и која работа ја работеле пред тоа. Оттука, може да заклучите дали сме успеале да го прекинеме тоа што беше и основа да влеземе во реформи,“

изјави Дане Илиев претседател на Врховниот суд кој по функција е член на Судскиот совет на Република Македонија. Колку за потсетување избор на претседателот Бранко Црвенковски се Абдулселам Канзоски и Ментор Ќоку кои и досега беа членови на Републичкиот судски совет, а за кои стручната јавност реагира и смета дека требало да предложи други, а не досегашни членови, од предлозите на Парламентот се адвокатите Лина Петровска и Звонко Богдан, и Бедредин Ибраими поранешен министер за труд и социјална политика.
XS
SM
MD
LG