Достапни линкови

Гомеми последици за Турција, но и за еврокандидатите Македонија, Хрватска и другите земји


Лидерите на Европската Унија неделава и официјално ќе го закочат проширувањето на Унијата. На претстојниот самит, до кој доаѓа по вчерашната одлука за забавување на разговорите за зачленување на Турција, се очекува евролидерите да обелоденат дека нема да има прием на нови членки се додека Унијата не биде во можност да ги интегрира и додека самата не добие институции кои ќе и овозможат непречено да функционира.

Конечната позиција на лидерите на Европската Унија ќе има големи последици за Турција која во минатата година ги започна преговорите за членство во Унија, но и за евро кандидатките: Македонија и Хрватска, како и другите земји од Балканот кои се надеваат да станаат тоа. ,,Европскиот совет ја нагласува важноста дека Унијата, и покрај евентуалното проширување, ќе биде во можност да го продлабочува нејзиниот развој,, ќе соопштат лидерите според нацрт резолуцијата подготвена за нивниот состанок. И како што исцрпеноста од проширувањето расте во претпазливата европска јавност, така се очекува на претстојниот самит да биде заклучено оти пречките за Уставот на Европската Унија мора да бидат отстранети пред влезот на нови членки, се разбира освен Бугарија и Романија кои и се придружуваат на Унијата во идниот месец. Уставот требаше да ги насочи институциите на Европската Унија откако прими десет земји од поранешниот советски блок. Но, гласачите во Франција и Холандија го отфрлија, некои од нив загрижени и поради можноста сиромашната и муслиманска Турција да стане дел од Унијата. Тоа пак, ја предизвика, како што сметаат аналитичарите, најголемата криза во Европската Унија досега:

„Значи, се на се, тоа значи дека в четврток и петок нема да има таканаречен турски самит. Можеби ќе има некои препораки, но согласни сме дека нема потреба да се вратиме кон ова прашање на самитот.“

Изјави вчера во Брисел шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја за одлуката Унијата да ги забави разговорите со Турција поради тоа што Анкара не ги прафати трговските обврски спрема Кипар. Или, како што со други зборови се објаснува оваа одлука, станува збор за неминовно забавување со цел да се избегне сударот меѓу возовите.

„Оваа одлука е вистински избалансирана и многу рамномерна. Од една страна и испраќа сигнал на Турција дека не може да не биде казнета поради неисполнувањето на обврските. Од друга пак, го расчистува патот кој води кон напредок во преговорите.“

Оцени еврокомесарот за проширување Оли Рен, додавајќи дека приемот на Турција ќе испрати сигнал оти Европската Унијата е убедена дека исламот е во согласност со нејзините вредности. Турција вчера беше претекната од Хрватска, земја со која лани ги почна преговорите со Унијата. Имено, Загреб успеа да затвори две од триесет и петте поглавија во процесот на придружување кон Европската Унијата.
XS
SM
MD
LG