Достапни линкови

Зголемени надлежности, недостиг од финансиски средства


Во процесот на децентрализација, општините во расчекор меѓу зголемените надлежности, а недостатокот од средства за нивна реализација. Малиот процент што по основ на прибирање средства од даноците им припаѓа на локалните едници, е главниот проблем, посочуваат градоначалниците во земјава. Една и пол година од функционирањето на децентрализацијата, сегашната опозиција, а во времето на донесувањето на законот за финансирање на општините, тогашна владеачка коалиција СДСМ и ЛДП, увиде дека предвидените три проценти за општините од средствата од данокот на додадена вредност и персоналниот данок, е премал и во собранието предлага измени на постоечкиот закон во кој овој процент ќе се зголеми од сегашните три на 4 и пол проценти:

„Направивме правна рамка за финансирање на единиците на локална самоуправа, за која сметавме дека ќе одговори на потребите,“

изјавува Цветанка Иванова пратеник од Социјалдемократскиот сојуз.

Претседателот на Комисијата за финансирање при Заедниците на единиците на локална самоуправа Аце Коцевски смета дека без детална анализа, проблем што од градоначалниците беше посочуван уште во времето на донесувањето на законот за локална самоуправа, неможе да се надмине овој проблем и ги оценува ваквите предлози само како парцијални:

„Јас сум за тоа да се зголеми и ДДВ и персоналниот данок, да се воведе данок на имот,“

посочува Коцевски. Првиот човек на општина Прилеп Марјан Ристески пак, потенцира дека сепак секое зголемување на нивните приходи е добродојдено но и тој потенцира дека потребни се повеќе извори. Во меѓувреме укажува на повеќе проблеми со кои општиниските власти се соочуваат во пракса:

„Трагедија на општина Прилеп е тоа што ние сме една од општините каде што има поголем број концесионери, рудници, кои ги уништуваат патиштата и инфраструктурата, за возврат од тие концесии не добиваме ниту денар,“

вели Ристески. Проблемот со финансирањето на општините дополнително се зголемува имајќи предвид дека од јануари наредната година, на општините треба да им бидат префрлени и останатите ингеренции согласно децентрализацијата.
XS
SM
MD
LG