Достапни линкови

Можност за подобрување на безбедноста и економијата


Можност за подобрување на безбедносниот аспект со оглед на сеуште отворените прашања во нашето соседство, посебно нерешениот косовски статус, но и шанса за подобрување на економијата, се меѓу најбитните елементи, според експертите, пресудни за високата подршка што македонските граѓани ја изразуваат за влез на земјава во НАТО. Последното истражување направено од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања покажа дека 89% проценти од граѓаните во земјава се за членство на државава во Северноатлантската алијанса, за споредба во соседна Хрватска само триесетина процени од населението ја дава подршката за влез на оваа земја во НАТО. Објаснувајќи ги главните параметри за високата поддршка меѓу македонските граѓани Професорот од Институтот за одбрамбени студии Трајан Гоцевски посочува:

„Кога ние ќе станеме членки на НАТО, според вашингтонскиот договор, НАТО гарантира безбедност на државата, таа станува безбедна за инвестиции и почнува економски да се опоравува. Значи, станува збор за два процеси кои не може да се одделат,“

вели Гоцевски. Освен подобрување на економијата и безбедноста, претседателот на Балканскиот форум за безбедност Благоја Марковски посочува и еден друг аспект за големото расположение меѓу граѓаните на земјава кон нашите НАТО аспирации:

„Се покажува во пракса, дека за да се стане член на ЕУ претходно треба да се стане член на НАТО. И оттука граѓаните ја гледаат и можноста за побрзо членство во ЕУ,“

изјавува Марковски кој додава дека вака високата подршка се должи и на недоволната информираност меѓу граѓаните. Тогаш кога детално ќе бидат информирани колку ќе не чини и кавки обврски ќе донесе членството во НАТО може да се очекува промена во расположението, вели Марковски.

„Република Македонија во потполност сите свои мисии ќе ги остварува со сопствени средства. Тоа кога ќе стане поблиско до граѓаните, ќе може да се очекува пад на поддршката кај граѓаните, но тоа нема да е толку битно, затоа што крајна определба е членство на Република Македонија во НАТО,“

забележува Марковски.
XS
SM
MD
LG