Достапни линкови

Поддршка во борбата против организираниот криминал, но не и за спектакуларни апсења


Поддржуваме секаква акција која води кон сузбивање на организираниот криминал во државата, но не се согласуваме со спектакуларни апсења на лица за кои допрва треба да се докажува дали се виновни. Овие се партиските реакции за полициската акција во која беа приведени дваесеттина лица за кои постои сомневање дека се вмешани во криминални дела. Опозициската СДСМ смета дека ваквите акции на Министерството за внатрешни работи се поттикнати од политичкиот реваншизам. Владата покажува заби пред истекот на 100 те од работата на новата влада, вели Есад Рахиќ од Социјалдемократскиот сојуз.

„Би сакал да видам некој од големите ѕверки во кафез и тогаш ќе бидам сигурен дека борбата против организираниот криминал и корупцијата ќе има резултати. “

За Новата социјалдемократска партија од владејачката коалиција, неприфатливо е спектакуларно апсење на лица за кои се води постапка.

„Се согласуваме сите институции на системот да функционираат, да се почитува редот и законот. Воопшто не поддржуваме спектакуларни акции, туку се да биде во форма на закон,“

вели Горан Мисовски, од НСДП

Мораме енергично да се бориме против организиранизираниот криминал и корупција и за Демократската партија на Албанците нема политичка заднина во акциите на полициските органи.

„Органите и инситуциите треба да ја вршат својата работа и ако ја вршат таа работа согласно законот и Уставот ја имаат нашата поддршка,“

изјави Илијаз Халими од ДПА

Доколку полицијата има докази за оргазнизирана криминална операција во која биле вклучени приведените, тогаш акцијата ја поздравуваме велат од Демократската Унија за интеграција.

„Секоја акција треба да се заснова на факти, ако тоа не се случи, ќе произлезе дека актуелната власт ги прави акциите за добивање политички поени,“

изјави потпредседателот на ДУИ, Рафиз Алити.

Од ВМРО-Народна партија пак велат дека се работи за прекумерна хајка од страна на власта и оти процедурата е погрешна.

„Премногу е направено политички, популистички. Избегната е законската регулатива, процедурата е погрешна. Каде и да имало пречекорување на службената должност, се знае каква е судската процедура,“

изјави Валентина Божиновска од ВМРО-НП.
XS
SM
MD
LG