Достапни линкови

Градоначалниците велат дека работат, но битен е и социјалниот елемент


Повеќе од еден месец откако Владата ја почна битката против урбаната мафија, а досега резултатот е само неколку урнати поткровја од згради. Во општината Кисела Вода во која има повеќе нелегални објекти, иако беше најавена жестока акција за уривање на околку десетина згради, таа засега резултираше само со уривање на едно поткровје и тоа во зграда која може да биде легализирана согласно деталниот урбанистички план, но не се платени комуналиите. Тони Чупоски портпарол на градоначалникот на општината Кисела Вода вели:

„Први на удар се оние дивоградби кои отстапуваат од класификацијата на деталниот и генералниот урбанистички план, значи имаат направено повеќе од она што е предвидено и оние дивоградби чии инвеститори одбиваат да платат комуналии.“

изјавува Чуповски. Најоштетени во целата кампања за борба против урбаната мафија во државава се граѓаните кои веќе купиле станбени објекти во нелегални градби. Од овие причини градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, чија општина исто така се соочува со вакви проблеми, вели дека ставот на општината е изнаоѓање на решение пред се за легализација на објектите, наместо рушење, земајки го во предвид социјалниот аспект:

„Сметам дека за такви објекти треба да се најде некое решение на пример да се казнат инвеститорите двојно или тројно, или ако треба да се конфискуваат објектите од страна на државата, бидејќи рушењето на такви објекти ќе направи огромен трошок на општината. За рушење на еден таков објект во моментов според проценките на нашите служби е биде потребно околу еден милион евра.“

За да се надминат долгогодишните проблеми со урбанистичкиот хаос, експертите сметаат дека најнапред мора да се зајакне почитувањето на законските прописи. Во оваа насока архитектот Митко Пренџов објаснува:

„Ние ќе правиме проект за пет дена, ќе го градиме пет години и петнаесет пати ќе го преправаме во текот на градба, а не треба да се биде многу паметен за да се знае што прави светот, таму се проектира две години, а се гради шест месеци.“

Вели Пренџов.
За слабата преземена акција, градоначалниците се жалеа од недостатокот на финансии за уривање. Министерството за транспорт и врски изрази подготвеност да им позајми пари на општините кои немаат доволно средства, а тие да го вратат долгот откако ќе си ги наплатат средствата за уривање од градителите кои самите не ги урнале спорните објекти.
XS
SM
MD
LG