Достапни линкови

Потребно е подолго време за граѓаните да ги почувствуваат позитивните ефекти


Охрабрувачки се резултатите кои покажуваат пораст на индустриското производство кое минатиот месец е повисоко за 7,4% во однос на септември или, 8,4% во однос на октомври претходната 2005-та година, но потребен е подолг континуиран период на позитивни резултати во индустриското производство за тоа да го почувствуваат граѓаните, преку намалување на невработеноста или пак зголемување на платите, објаснува професорот по економија Душан Вељковиќ:

„Тоа неможе веднаш да се „врзе“ за порастот на вработеноста, бидејќи може тој пораст на индустриското производство да се должи на порастот на продуктивноста на трудот, и всушност во таа комбинација меѓу порастот на трудот и нови вработувања треба да се бара просторот за евентуално примање на нови вработени. Значи мислам дека неможе врз основа на овие два-три последни месеци да се извлекуваат подалекусежни заклучоци.“

Порастот на индустриското производство, како што потврдуваат податоците од Државниот завод за статистика се должи пред се на актуелното зголемено производство во енергетскиот сектор во земјава, по најавата за затварање на на централата Козлодуј во Бугарија и потребата од производсто на електрична енергија. Раст е забележан и во производството во групата на производи за широка потрошувачка. Но, професорот Вељаковиќ потенцира дека на земјава и е потребен раст на сите гранки и стабилен и континуиран позитивен тренд за да се донесе заклучок дека имаме раст во индустриското производство.

„Тој пораст е релативно висок и би рекол пожелен, среќна околност е да имаме меѓу 7 и 9% пораст, но треба да е стабилен и затоа во наредните три месеци ќе видиме дали има една стабилна и трајна тенденција.“

вели професор Вељковиќ. Сепак позитивен развој велат Македонските стопанственици е почувствуван. Зборувајќи од лично искуство бизнисменот Димитар Богдановски изјавува:

„Во пракса ние бележиме раст на извозот во последните неколку месеци со тоа што се надеваме дека и извозот, а со тоа и индустриското производство ќе биде уште поголем.“

посочува Богдановски.
XS
SM
MD
LG