Достапни линкови

Протести и големи мерки за безбедност


Папата Бенедикт 16 денеска ја започнува 4 дневната контроверзна посета на Турција. Посетата на доминантно муслиманската земја доаѓа за помалку од два месеца по критичките цитати на Папата за исламот што предизвика гнев во муслиманскиот свет. И додека Папата се надева на подобрување на односите со муслиманите и на изградба на сојуз со православните христијани, во Турција деновиве протести и големи мерки за безбедноста на Бенедикт 16.

Гневот на муслиманите, христијанските поделби се главните предизвици на 4 дневната посета на Турција на Папата Бендикт 16 ти. Но, велат пред се прв предизвик можеби е безбедноста. По неговите контроверзни забелешки за исламот во септември Али Агџа – турчинот кој се обиде да го убие Папата Јован Павле Втори му порача на Бенедикт 16 преку медиумите да не доаѓа во Турција затоа што нема да биде безбеден.

„Ке има провокации и некои би сакале да го нападнат Папата. Но прашање е дали ќе успеат. Владата прави се да нема голем инцидент, но секогаш постоји ризик.“

изјави политичката аналитичарка од Истамбул Зеино Баран. Турската полиција соопшти дека ги првезела сите безбедносни мерки. Меѓутоа Папата Бенедикт 16 е контроверзен не само за конзервативните муслимани туку и за секуларниот естаблишмент, меѓу другото бидејки пред да стане Папа во Германија во 2003 против го дигна гласот против влезот на Турција во Европската Унија. Како и да е, неговата прва станица е Анкара, средба на аеродромот со премиерот Реџеп Ердоган кој беше критикуван од турските интелектуалци поради најавите дека заминува за самитот на НАТО и нема да се види со Папата. Потоа тој ќе го посети споменикот на Мустафа Кемал Ататурк и ќе се сретне со претседателот Ахмед Неџет Сезер. Муслиманскиот свет и медиумите посебно внимание пак и посветуваат на средбата со турскиот врховен клерик Директорот за религиозни прашања Али Бардакоглу. Експертот за Ватикан Џон Ален вели.

„Раководството во Ватикан разбира дека ова на Бенедикт му е последна најдобра шанса да го смени неговиот профил во муслиманскиот свет.“

Во среда Папата ке го посети Ефес на брегот на егејско море каде е храмот на Марија мајката на Исус за која се верува дека таму ги минала последните години. Според некои аналитичари и тука Папата ке се обиде да го обнови мостот со муслиманите кои исто така веруваат дека го родила Исус како девица. Потоа патува за Истамбул каде се очекува во четврток со Вартоломеј први симболичниот лидер на православието да издадат заедничка декларација. Папата Бенедикт 16 ќе го посети и музејот Аја Софија христијанска катедрала од 6 век која по падот на тогашниот Константинопол беше конвертирана во џамија, а се очекува да ја посети и позната Сината Џамија.
XS
SM
MD
LG