Достапни линкови

Покана во исто време, но членство во следните години само за една земја од Јадранската група


Поканата за членство во НАТО ке биде упатена до сите три земји членки на Јадранската група истовремено, но членството најверојатно нема да биде во ист период, оценуваат претставници на Евроатлантските совети од Македонија, Хрватска и Албанија, невладини организации кои работат на соработката мегу земјите членки и оние кои се стремат кон членсво во Алијансата. Од самитот во Рига пак тие очекуваат јасна поддршка и позитивен сигнал за покани за членство на наредниот самит.

Дека поддршката ке стигне за сите три земји и дека нема причина за нивно одвојување, посебно кога станува збор за добивање на поканите, говори и тоа што е направено досега посебно во делот на одбраната

„80 насто од поддршката што ја имаме од јавното мислење. Влегувањето во осмиот циклус на реализација на акциониот план за членство. Оценките од НАТО алијансата ни даваат потполно право да се надеваме дека сме на вистински пат,“

Изјави Александар Генчев потпретседател на Евроатлантскиот совет
Аријан Старова, претседател на албанскиот совет смета дека поканите ке бидат упатени истовремено:

„ Албанија Хрватска и Македонија, се заедно, на ист пат кон НАТО интеграцијата, се разбира вратата останува отворена за сите земји, а тие по поканите ке бидат вреднувани според индивидуалниот прогрес, но нема причина при добивањето покана Хрватска да биде издвоена од останатите, кога станува збор за членство праксата досега покажува дека поканите доагаат во исто време за земјите од групата, но тоа не е случај и со членството,“

Од Хрватска велат дека по неодамнешната изјава на американскиот претседател Џорџ Буш дека ке се заложи за проширувањето се отвори можноста да се разговара на оваа тема

„Она што може да се очекува сепак мислам дека е еден силен вординг, односно силна формална поддршка што ке се даде на земјите членки на Јадранската група, како и дека вратата ке се остави отверена и за сите останати, оние како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора кои се стремат кон членство во Партнерството за мир“

вели Радован Вукадиновиќ, претседател на хрватскиот евроатлантски совет.
XS
SM
MD
LG