Достапни линкови

Македонија на 68 место во групата земји со недоволно демократија


Во најновиот Демократски индекс што денеска го објави Економист Интелиџенс Јунит, Македонија се најде на шеесет и осмото место и тоа во групата на земји со недоволно демократија. Индексот всушност претставува годишно рангирање на земјите според степенот на нивната демкоратија. Годинашниот извештај беше спроведен во сто и шеесет и седум земји во светот.

Рангирањето на земјите во Демократскиот индекс за оваа година е поделено на четири групи, според типот на режимот. Во првата група се сместени дваесет и осум земји во кои постои целосна демократија. Оваа група ја предводи Шведска, по што следуваат Исланд, Холандија, Норвешка. Тука се, меѓу другите, и Соединетите Држави, на седумнаесетото, Грција на
Дваесет и второто и Словенија на дваесет и осмото место. По земјите со целосна демократија следува групата од пеесет и четири земји со недовлна демократија. Ја предводи Јужна Африка. Од земјите во регионот најдобро е пласирана Бугарија на четириесет и деветото место. По неа следуваат Романија и Хрватска, додека Македонија се најде на шеесет и осмото место. Пред нашата земја, се Србија на пеесет и петото, Црна Гора на пеесет и осмото и Молдавија на шеесет и второто место. Во групата во која е Македонија најмногу има држави од Источна Европа и од Латинска Америка. Нив ги карактеризира крчлива демократија, ниско ниво на политичко учетсво и слаба политичка култура. Третата група ја сочинуваат триесет земји со таканаречени хибридни режими во која, меѓу другите, се Албанија, Босна, Русија, Ирак. Во последната, четврта група се земјите со авторитативни режими и во неа се Белорусија, Узбекистан, Кина, Иран, Северна Кореа. Демократскиот индекс навлегува длабоко во составот на демократијата и тоа преку шеесетина индикатори во пет пошироки категории: изборниот процес и плурализмот, граѓанските слободи, функционирањето на владата, политичката партиципација и политичката култура. Генерално годинашниот индекс покажа дека повеќе од половината од светската популација живее во демократски општества, иако само тринаесет насто во таканаречана целосна демократија. И покрај напредокот на демократијата во изминативе неколку децении, сепак, како што наведува Економист Интелиџенс Јунит, четириесет насто од луѓето во светот се уште живеаат под авторитативни режими.
XS
SM
MD
LG