Достапни линкови

Последица на средбите се владеење на луѓе, а не на правото


Сите средби на претставниците на политичките партии со оние од мегународната заедница имаат прецизна агенда, но најчесто без резултати. Од влаедачките партии велат дека дијалогот е потребен, но и дека е сосема нормално некогаш да има, а понекогаш да нема резултати

„Најважниот елемент во овие средби е што во Македонија трае и тече политичкиот процес. Овие средби помагаат, но не секоја од нив е еднакво ефикасна и со еднакво поволен исход, но добро е што се случуваат,“

изјави Влатко Горчев од ВМРО-ДПМНЕ. Рафиз Алити од опозициската ДУИ смета дека нема резулат од овие средби и укажува дека е потребен посериозен пристап, а не само прецизирање на прашањата за кои ке се разговара:

„Политичкиот амбиент во Република Македонија бара посериозни средби меѓу лидерите.“

Претставниците на мегународната заедница инсистираат на дијалог

„За да имате ефиктивна влада важно е да се надмине недовербата и како да се направи тоа? Па единствен начин е дека нема замена за дијалогот, а тоа е лугето да седнат и да се погледнат во очи и да се обидат да видат кои се прашањата што довеле до недовербата и како да се надминат.“

изјави евроамбасадорот Ерван Фуере.

За разлика од мегународните претставници кои бараат дијалог без разлика дали е во институциите или станува збор за неформални средби, експертите во земјава со поинакво размислување.

„Сите овие излети, дури сум ги именувала како ресторанска демократија, кафе демократија, доведуваат до изведување на власта од легитимните институции. Тоа значи дека не можеме со ваков облик на демократија да зборуваме на владеење на право, туку зборуваме за владеење на луѓе. Кој е тој огран што ќе се конституира во Маврово? Вистинско место за дијалог е парламентот, владата и нивните тела,“

изјави професор Гордана Силјановска од Правниот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG