Достапни линкови

Денеска 15 години од донесуавњето на Уставот на независна Македонија


15 години од Уставот на независна република Македонија, некои експерти сметаат дека тој е добра основа за правно политичкиот систем, некои пак бараат донесување на нов устав. Досега уставот претрпе измени 5 пати, еднаш под притисок на Грција два месеци по неговото донесување, која толкуваше дека некои одредби дозволуваат мешање во внатрешните работи на соседите, во 1998 се појави потреби за измена на уставната одредба која го регулираше притворот, или се оцени дека тоа е материја што треба да биде во Законот за кривична постапка, потоа измени со цел создавање на основа за следење на комуникациите или основа за прислушувањето, големите измени се случија во 2001 по донесување на охридскиот договор и во 2005 пакетот амандмани за реформа на судството. Професорот Владо Поповски кој работеше на уставот во 1991, но и на охридскиот договор вели дека уставната рамка е добра основа, а некои промени се неопходни затоа што станува збор за период во кој се случуваа промени на структурите, а во последно време и потреба за имплементирање на европските стандарди

„Од 46 година до денеска уставната историја на Република Македонија, нема устав којшто подолго траел. Значи, дали уставот бил или не бил добар не е индикатор дали имало потреба од амандмански измени и дали тие се направени туку потребно е за да се дојде до оценка да се оцени дали уставог ги овозможи трансформациите.“

Професорот по уставно уредување на Европскиот универзитет Осман Кадриу смета дека томку промените говорат за потребата од нов устав

„За да имаме здрава уставна основа во наредниот период треба уште сега да направиме подготовки за согледување и усвојување на нов Устав. Има доста уставни празнини“
XS
SM
MD
LG