Достапни линкови

Даночен совет од Скопје


Даночен совет од Скопје, под овој наслов весникот Вол Стрит Џрнал објавува текст во врска со одлуката на македонската влада да воведе рамен данок во земјата. Ваквиот потег прв пат беше воведен пред дваесет и пет години од тогашниот гувернер на Калифорнија републиканецот Роналд Реган кој, како што наведува весникот, сфатил дека намалувањето на даноците ќе придонесе за економското корист на американските граѓани.

Светот само што стана малку порамен. Новата македонска конзервативна влада планира во идната година да ги намали даноците на фирмите и даноците на персоналниот приход, односно да ги израмни на дванаесет насто. Во две илјади и осмата тие треба да изнесуваат десет насто со што ќе се израмнат со Казахстан каде што сега е најнискиот рамен данок во светот. Владата на триесет и шест годишниот премиер Никола Груевски, како што пишува Вол Стрит Џурнал очекува рамниот данок да привлече повеќе странски инвститори во Македонија со што ќе се намали невработеноста во земјата која сега изнесува околу триесет и шест насто. ,,Знам дека онаму каде што рамниот данок беше воведен тој водеше кон економски пораст и напредок во финансиското работење,, вели министерот Веле Самак. Камо ваквото јасно економско мислење да биде заедничко и за ново избраниот американски Конгрес или за владите во старата Европа, наведува весникот, додавајќи дека таму рамниот данок се демонизира како уште една даночна пауза за богатите која ќе доведе до зголемување на буџетскиот дефицит. Економските успеси на Русија, Словачка, Романија и другите поранешни комунистички земји со рамни даноци едноставно се игнорираат. А, дури и Светската банка сега вели дека едноставните и транспарентни даноци промовираат даночна послушност и водат кон повисоки приходи. А ништо не е поедноставно и потранспарентно од рамен данок. Доколку земјите од другата страна на Железната завеса сакаат да останат конкуретни тогаш тие би можело го прашаат Скопје за даночен совет, наведува Вол Стрит Џрнал кој пак потсетува дека деновиве беше одбележана дваесет и пет годишнината од намалувањето на даноците во Соединетите Држави што го стори тогашниот гувернер на Калифорнија Роналд Реган кој подоцна стана и американски претседател. Во тоа време тој ги намали даноците на персонален доход од седумдесет на дваесет и осум насто. Прва земја од поранешниот советски болк која го стори истото беше Естонија која пред дванаесет години ги скрати даноците.
XS
SM
MD
LG