Достапни линкови

Буџетот е реформски и развоен


Владата го усвои предлог буџетот за 2007 година. Премиерот Никола Груевски истакна дека буџетот е реформски и развоен. За висината на буџетот информира министерот за финансии Трајко Славевски

„Буџетот за 2007-та година е планиран со вкупни расходи од 112 милијарди и 16 милиони денари додека вкупните приходи ќе изнесуваат 108 милијарди и 622 милиони денари. Разликата помеѓу овие две ставки изнесува еден процент дефицит во буџетот во споредба со БДП.“

Славевски додаде дека намалувањето на даноците ќе се надохнади со намалување на непотребните трошоци, како купување на автомобили за потребите на владата, намалување на средставата што се исплаќаат на членови на управните одбори и слично. Премиерот Груевски истакна дека најмногу средства се предвидени за проекти во 4 области или земјоделие, образование, култура и труд и социјална политика.

„Во областа земјоделие вкупниот буџет за 2007 година е за цели 65% поголем од оној во 2006 година, односно за околу 900-тини милиони денари. Буџетот ќе обезбеди вкупни субвенции за земјоделците од 1 милијарда 430 милиони денари од оние на минатата Влада кои што беа 640 милиони денари. Тие се наменети за субвенционирање на производството на житни култури, млеко, тутунот и сите позначајни земјоделски производи.“

Изјави Груевски кој информираше дека средства за образованието ке има прво за комјутеризација на училишттата или за првата фаза одвоени се околу 9 милиони евра. Повеке средства ке има за реноворање на студентските домови, за стипендии. Во делот на труд и социјала ке има 52 милиони денари за вработување на самохрани родители и хендикепирани лица, 7 милиони денари за вработување на деца без родители. Владата предвидува средства и за директна промоција на земјава во странство или 42 милиони денари и тоа за кампања во јануари месец во најтиражните весници во триесет земји во светот со што ке се објаснат предностите за инвестирање посебно по намалување на даноците.
XS
SM
MD
LG