Достапни линкови

Ова е привремено решение, а политиката за враќање во родните места останува, велат од Министерството


Околу 480 раселени лица, веќе и како единствени сведоци на конфликот од 2001-та година речиси шест години подоцна, сеуште живеат надвор од своите домови, во Колективни центри. Во обид да се најде решение за нивно пристојно згрижување одлука која постои уште од претходната влада, а се реализира и од актуелната, надлежното Министерство за труд и социјална политика им понуди на овие семејства сместување, наместо во Колективни центи во изнајмени станови, со средства во висина од 6 до 12 илјади денари одвоени од буџетот. Во надлежното министерство велат дека станува збор само за привремено решение, до решавање на судскиот спор кои внатрешно раселените лица го водат против државата, а во кое бараат обештетување од неа, додека политиката велат од Министерството за нивно целосно враќање во родните места на живеење, согласно и Рамковниот договор, останува. Дејан Ивковски од Министерството за труд и социјална политика изјавува:

„Процесот на враќање, односно стимулирање и градење на доверба помеѓу етничките заедници од поранешните кризни региони е наша примарна цел.“

Семејството Гелевиќ од Куманово, кое што повеќе од пет години живеело во Колективен центар, е меѓу оние што започнува нов живот во изнајмен стан:

„Тука поубаво живееме голем е станот, за разлика од таму каде што живеевме во една соба. Како и да е тука е поубаво.“

вели еден член од семејството Гелевиќ. Но, наспроти оние кои што се расположени да живеат во изнајмен стан, некои од нив тоа не го прифаќаат. Пренесувајќи го ставот на раселените од Арачиново, претседателот на нивното здружение Јана Петрушевска вели дека за нив е најважно да се реши судскиот спор, државата да ги обештети, а потоа секој индивидуално да си реши каде ќе живее:

„Ние сепак иако тие го сметаат тоа за добра воља за нас е тоа притисок затоа што ние трајно не го решаваме проблемот. Второ, ние не дека не сакаме, тоа само погрешно се интерпретира, туку последната куќа во Арачиново е запалена сега пред 20-тина дена.“

изјавува Петрушевска. На, ваквата забелешката на дел од внатрешно раселените лица за небезбедност во нивните матични живеалишта, од Министерството за труд и социјална политика со одговор:

„Етничката поделба мислам дека не е основна причина зошто овие лица не сакаат да се вратат, туку одат по центрите бидејќи сите пред се во тоа ја гледаат онаа социјална страна.“

Забележува Ивковски од Министерството за труд и социјална политика. Сместувањето за едно четири члено семејство во изнајмен стан за еден месец, државата ја чини 18 илјади денари.
XS
SM
MD
LG