Достапни линкови

Дали правилото за Косово може да ја отвори Пандорината кутија?


Еврокомесарот за надворешна политика Хавиер Солана неодамна изјави дека косовската кампања за независност би можело да биде пример и за сеператистичките грузиски региони Јужна осетија и Абхазија. Тоа веќе неколку месеци го вели и рускиот претседател Владимир Путин. Дали правилото за Косово може да ја отвори Пандорината кутија?

На вчерашната телевизиска сесија во живо со граѓаните рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш нагласи дека идејата за независност на Косово би можело да биде важен преседан.

„Постојат извесни контрадикции во меѓународното право. Од една страна тука е потребата да се почитува принципот на територијален интегритет и Русија, во врска со Грузија, тоа и го прави. Од друга страна пак, народите имаат право на самоопределување. И покрај ваквите контрадикции ние мора да бараме начини за излез од ситуацијата, а во тоа секако ќе ги следиме и меѓународните преседани, како Косово.“

Ништо ново во изјавите на Путин, но бидејќи одлуката за косовскиот статус треба да биде донесена од шесте големи сили во Контакт групата и тоа, како што бара оваа група, до крајот на годинава, тогаш косовскиот преседан станува понагласен. Прашањето за суксцесија на пореншна Југославија често е повразно со бившиот Советски сојуз. Страхувањата беа дека како и тогашна Југославија и советската држава ќе експлодира во мини држави кои ќе генерираат хаос во Европа и Азија. Пред петнаесет години тогашниот американски претседател Џорџ Буш постариот предупреди на можен, како што го нарече, самоубиствен национализам во регион. Дури и сега, кога Советскиот сојуз и Југославија заминаа во историјата, нивните проблеми се уште живеат. Косово продолжува да го чека меѓународното признавање на независноста од Србија. Тоа посебно откако, на годинашниот рефрендум и успеа на Црна Гора. Во Грузија, сепаратистичките движења, поддржани од Русија растат во Абхазија и Јужна Осетија каде што деведесет насто од наслението има руски пасоши и каде што се присутни руски мировници. Транс дњестарскиот регион пак, повторува дека не е дел од Молдавија, а не смее да се заборави и Нагорно Крабах за кој пред десетина години војуваа Ерменија и Азербејаџан. Па, како Косово и пост советските таканаречени замрзнати конфликит се поврзани?

„Доколку Косово добие независност тоа ќе биде прв случај во повоена Европа кога државните граници се менуваат без согласност на земјата која е вклучена во процесот, Србија. Тоа ќе има влијае и врз другите конфликтни ситуации. “

Оценува шефот на комитетот за надворешни односи на руската Дума Константин Косачиов, посочувајќи го случајот со Грузија. Тоа не го мисли помошникот американски државен секретар Даниел Фрид кој во врска со Јужна Осетија и Абхазија вели:

„Не признаваме и нема да ја признаеме независноста на ниедна од овие територии, со референдум или не. Споредбата со Косово е историски лажна. Косово не е пример за друга ситуација. Косово е исклучок. Советот за безбедност го поддржува грузискиот територијален интегритет.“

Тоа не го загрижува претседателот Путин. Тој веќе сугерираше дека Русија во Советот за безбедност ќе стави вето на косовската независност доколку западните земји не се согласат Јужна Осетија и Абхазија да се отцепат од Грузија. Но, преседаните колку се добредојдени, толку можат да бидат и опасни. Путин на своја територија ја има Чеченија.
XS
SM
MD
LG