Достапни линкови

Македонија има план за итни мерки за борба против птичјиот грип


Според грчките медуими четири Индијци, илегални имигранти со симптоми на птичји грип, се хоспитализирани во болница на грчкиот остров Сирос. По препорака на Европската унија, ветеринарните власти во Грција на почетокот на оваа седмица презеле превентивни мерки за заштита од зараза, како различни ограничувања, забрана за лов на диви птици и формирање безбедносни зони. Пред извесен период и српските власти соопштија дека ке преземат превентивни мерки. Во соопштението пак кое што како одговор на прашањето што преземаат македноските надлежни ни го испрати Ветеринарната управа се вели дека тие имаат план за итни мерки за борба против птичјиот грип, чекаат да им стигне опрема за брзо и точно дијагностицирање на болеста, имаат набавено потрошен матријал а изготвен бил и план за мониторинг за рано откривање кој ке започнел со интензивна преселба на птиците.
Љупчо Кузмановски член на орниотолошкото друштво Славеј вели дека овие мерки кои се преземаат засега се доволни.
„Многу, многу не ги знаеме активностите на ветеринарната управа, но мислам дека нивните контроли се соодветни и стручни и доволно се компетентни,“
Вели Кузманосвки и додава дека иако птиците во овој период ја прелетуваат Македонија сепак според неги опасност не постои:
„Од СТО кажаа дека тој се движеше и лани, левата обала на течението на Дунав е критичниот појас, каде што мигрираат приците и каде што го има птичјиот груп. Ние преземавме акција за прехрана на птиците, за да ојачаат.“
И минатата година речиси во истиот период главана тема беше дали има птичји грип и кај нас. Имено по големиот помор на кокошки во битолското село Могила и долго чекање на резулатите од референтаната лаботорија во Вејбриџ се утврди дека се работело за болеста народно наречена пипка. Тогаш иста паника валдееше и во светот. Според податоците на Светската Здравствена организација досега од вирусот х5н1 се заболеле 256 лица од кои 151 починале. Најголем број од нив во Индонезија.
XS
SM
MD
LG