Достапни линкови

Критикувана поканата да присуствува и рускиот претседател Владимир Путин


На самитот на Европската Унија што денеска почнува во Лахти во Финска, како неофицијален гостин е поканет и рускиот претседател Владимир Путин. Но не секој е воодушевен од тоа. Дипломатите и аналитичарите ја критикуваат Финска која е актуелен претседавач со Унијата, за тоа што воопшто го поканила Путин. Тоа, според нив, само ќе му даде шанса на рускиот лидер да ги искористи длабоките поделби во Европската Унија околу нејзината политика спрема Москва.

Европскиот печат оваа недела беше преполн со критички коментари во врска со учеството на Владимир Путин на вечерата на европските лидери во Финска. Беа цитирани и изјави на дипломати во кои тие велат дека рускиот претседател ќе има одлична шанса да види колку европејците се поделни во врска со например тензиите меѓу Русија и Грузија и убиството на руската новинарка Ана Политковскаја.

„Средбата со господин Путин е преуранета. Членките на Европската Унија требаше да се концетрираат на изнаоѓање елементи кои ќе доведат до заедничка енергетска, надворешна или безбедносна политика, пред да разговараат со русите.“

Вели Еугениус Смолар, претседател на Варшавскиот институт за меѓународни односи кој додава дека Русија спрема Европската Унија често успева да ја користи политиката позната како подели па владеј. Индивидуално државите на чело со Германија често си ги тераат своите пред се енергетски интереси поради што другите европски членки како Полска например беа многу разочарани. А притоа, според Смолар, се прави пазар со Москва во врска со нарушувањето на човековите права во Русија. Шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја пак деновиве се обиде да ги демантира наводите за поделби во Европската Унија спрема Русија:

„Среќен сум да кажам дека министрите ја завршија расправата без проблеми. Толку за обвинувањата дека Европската Унија е разединета.“

Високи претставници на Унијата се на став дека не би требало да се нарушуваат долгорочните односи со Русија. Сепак, според Јорг Химелрајх, експерт од Берлинскиот оддел на американската Маршалова фондација, Германија под раководство на демохристијанскиот канцелар Ангела Меркел полека се обидува да ја смени политиката на нејзиниот претходник Герхард Шредер спрема Русија. За разлика од Шредер кој сега е претседател на германското рускиот енергетски конзорциум, Меркел се чини е покритична спрема Москва особено во врска со позиционирањето кон Полска и другите нови членки на Европската Унија.

„Канцеларот Меркел дефинитивно ќе се обиде да најде заедничка пристап на Европската Унија кон Русија. Веќе постојат извесни показатели дека тоа барем за германското претседателствување со Унијата ќе биде поважно отколку например проблемот со новиот европски устав.“

Вели Химелрајх, додавајќи дека тоа е од посебно значење за постигнување заедничка европска енергетска политика со цел да се избегнат шоковите во снабдувањето со руски гас и нафта како што беше во минатата зима кога поради руско украинскиот енергетски спор, Москва за кратко време го прекина снабдувањето и во Европа.
XS
SM
MD
LG