Достапни линкови

Слаби ефекти од прашањата до извршната власт


Институтуцијата пратенички прашања, најверојатно ќе продолжи да функционира веќе следниот четврток, информираат од кабинетот на претседателот на Собранието. Како и досега пратениците ќе имаат можност еднаш месечно, јавно да поставуваат прашања до министрите и да бараат одговор од нив, а неисполнувањето на таа обврска, ќе значи кршење на деловникот за работа.
Но дали пратеничките прашања ја исполнуваат својата примарна цел, да помогнат во разрешувањето на одреден проблем? Народните избраници со различни искуства. За Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во претходниот состав на собранието, пратенички прашања треба да има, но тие треба да се организираат во поинаква форма.

„Пратеничките прашања се поставуваат во писмена форма, или директно на влада, а одговорите да ги даваат министрите во вечерните часови, за граѓаните да ги слушнат одговорите.“

И Марија Којзеклиска од ВМРО-Народна партија се согласува дека пратеничките прашања не секогаш го постигнуваат посакуваниот ефект.

„Ќе се постави на парламент, но ефектот и завршницата на поставеното прашање со кое се укажува дека има проблем, може да биде писмено дададено од владата, но не и ефектуирано во стварноста.“

Аднан Јашари пак од Демократската унија за интеграција смета дека во повеќето случаи, институцијата пратенички прашања ја остварува својата цел.

„Поставувањето на пратенички прашања е можност за јавноста да се запознае со работата на владата.“

И за Андреј Жерновски од Либералнодемократската партија, институцијата пратенички прашања е најефикасниот ситем во собранието.

„Најдобро би било во Македонија повеќе да почне да функционира и парламентарното мнозинство да поставува прашања.“

Пратениците се едногласни дека институцијата пратенички прашања треба да постои, но само доколку извршната власт сериозно и пристапи.
XS
SM
MD
LG